Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1649)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Малку поинаков софтвер – слободен софтвер

Image
На почетокот на октомври, во Скопје се одбележа Денот на слободниот софтвер. Онака како што и се очекуваше, денот помина тивко и без помпи. Меѓу другите активности, централниот настан се случи на скопскиот плоштад каде мала група млади ентузијасти го промовираа слободниот софтвер и делеа бесплатни дискови. Ден претходно, во хотелот “Александар Палас“ заврши традиционалната, Мајкрософтовата “Визија“ број шест, најголемо ИТ случување во земјава. Убаво е, барем колку за споредба, да се истакне ефектот од двете манифестации. “Визија“ помина со чувство на супериорност на производите на “Мајкрософт“, пред се “Виндоус“ оперативните системи, додека ФСД08 (Фри Софтвер Деј 2008 - Ден на слободниот софтвер 2008) не се спротивстави на таквиот заклучок. Иако најавено во медиумите, искрено потрошив пет минути шетајќи низ плоштадот да ја најдам ФСД08 манифестацијата, а кога веќе ја најдов, таа се состоеше од едно распнато платно на кое неколку момци со автолакови испишуваа графити и два-тројца промотери.

повеќе »

„Соларис” игра на светлината на „Македонска пошта”

Проектот “Соларис“ на германската уметничка Стефани Буш скопската публика имаше прилика да го види на 4 октомври на влезот на зградата на “Македонска пошта“ – Главна пошта во центарот на градот. За овој невообичаен простор Буш се одлучила бидејќи била ...

повеќе »

Вегас – град на лошите бајки

Image
Од бајките, мечтите и сказните знаев за фонтани од кои наместо вода тече чоколадо. А, ако случајно го посетите Лас Вегас, ќе се уверите дека таква фонтана навистина постои. Две тони топено бело и црно чоколадо затворено во стакло каскадно паѓа од под до плафон во еден од холовите на хотелот “Белаџио“. Но, тоа не е единственото чудо. Холови преполни со свежо цвеќе, 2.000 цвеќиња од дувано стакло во најразлични бои, продавници на најпознати дизајнерски имиња, ботанички градини со егзотични растенија, птици и инсекти, луксузни ресторани, кафеа, бизнис-центри, ноќни клубови, казина и шоу на вода и светлина според музичка кореографија го прават хотелот атракција видена од над 40 милиони збунети и воодушевени посетители годишно. Со своите хотели “Белаџио“, “Цезар Палас“, “Ескалибур“, “Луксор“, “Мираж”, “Монте Карло“, “Њујорк Њујорк“, “Парис Лас Вегас“, “Планет Холивуд“, “Рио“, “Ривиера“, “Трежр Ајланд“, “Тропикана“, “Венеција“, Вегас го пренесува волшепството на светот во средиштето на пустината Мохаве во Невада и се претвора во највозбудлив град на нашата планета.

повеќе »

Површна реконструкција на тетовскиот плоштад

Image
Со површна реконструкција ќе се подновува градскиот плоштад во Тетово. Наместо досегашните мермерни плочи ќе се поставува гранит, а дел од елементите поради поголема функционалност на просторот ќе се отстранат.

- На градскиот плоштад Илирија немаше ниту една здрава плоча, сите беа искршени или оштетени од "забот“ на времето. Сега ќе ставиме гранитни плочи кои имаат поздрав тампон, за разлика од мермерните кои биле поставени пред три децении, изјави Неџати Јакупи од секторот за урбанизам при Општина Тетово. На плоштадот ќе се отстранат неколкуте големи жардиниери, на чие место ќе се постави зеленило. Идејата е да се овозможи полесно поминување низ плоштадот, а со тоа ќе може да се постават клупи за одмор. Исто така ќе се тргнат и меморијалниот ѕид на народните херои, мермерните клупи и фонтаната. Наместо обични светилки ќе се стават сензорски светла.

повеќе »

ЌЕ ПРЕРАСНЕ ЛИ КАРГОТО ВО ШТИП ВО НАЦИОНАЛЕН ПАТНИЧКИ АЕРОДРОМ?

Image
Имајќи ја предвид аспирацијата на Македонија за членство во НАТО, важен дел од овој систем е логистиката која државата треба да и ја пружи на Алијансата. Покрај воениот полигон Криволак, во иднина сосема е извесно дека Скопскиот аеродром ќе прерасне во воен, додека цивилната функција постепено ќе ја преземе Штипскиот карго аеродром. Многумина ваквата претпоставка ја поврзуваат со воениот комплекс непосредно до скопскиот аеродром кој не сака многу мешање со цивилниот аеро сообраќај.

Локацијата кај Сушево каде ќе се гради карго аеродромот е идеална за оваа намена. Локалитетот Сушево е еден вид врата кон Овчеполието кое е претежно рамнинско, со идеална клима. Во текот на летото нема дождови, во текот на зимата нема магла. Тоа го прави сосема погоден за цивилен аеродром. Воздушната линија од 30 километри до Петровец и околу 75 километри од центарот на Скопје се дополнителен фактор.

повеќе »

Германските ветерници на испит

Image
Германија е најголем корисник на моќтта на ветерот во светот, и има амбициозен план да изгради уште повеќе турбини на ветер.
Донесена е одлука дека генерирање нуклеарни централи не е вистинскиот пат, и се оди дури дотаму да се затворат постојните нуклеарки.
Иднината на земјата е свртена кон произвотство на зелена енергија, со посебен осврт на енергијата од ветер. Како и да е, некои набљудувачи се прашуваат дали инвсетирањето во моќта на ветерот е економски разумно.
Алслебен е мал град во источниот дел на Германија на бреговите на реката Сал. Мирно место опкружено со фарми, но во последно време неговите жители се привикнуваат на некои нови соседи.
На ридовите над гратчето се наоѓаат 37 гигантски ветерни турбини. Алсебен е сега - најголема ветерна фарма во земјата.

повеќе »

За плоштадот пред „Света Богородица” – пари од Советот

... БЕЗ РЕБАЛАНС НА ГРАДСКИОТ БУЏЕТ НЕМА ГРАДЕЊЕ

Градоначалникот Трифун Костовски најави дека со вишокот пари во градскиот буџет ќе гради плоштад околу црквата “Света Богородица“, но Советот на градот ја одложи таа одлука па сега е неизвесно дали ќе има време за тој проект.

- Со проектот сакаме да го заживееме и левиот брег на Вардар, а нивото на реката да го подигнеме со поставување гумени брани. На тој начин би се овозможила и пловидба низ реката. Не можам да го замислам Вардар со фонтани во неговото корито. Уредувањето треба да се реши на поинаков начин. Бидејќи и Младинскиот културен центар е во близина, треба и дел негови активности да се преселат на кејот - рече Костовски неколку дена пред седницата на Советот.

повеќе »

Поинаков поглед на хетерогениот град

Image
РАБОТИЛНИЦА „РЕМАПИРАЊЕ НА СКОПЈЕ” ВО КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР „ТОЧКА”

Иницирање на опсежни уметнички, архитектонски, комунални и други размислувања за современиот градски простор во Скопје беше идејата на интердисциплинарната меѓународна работилница под наслов “Ремапирање на Скопје”, што од 29 септември до 5 октомври се одржуваше во културниот центар “Точка”. Организирани во интернационална група студенти и уметници од Скопје, Словенија, САД, Нов Зеланд и од Германија дадоа поинакви погледи на градот, при тоа обидувајќи се да ја покажат неговата сложеност и хетерогеност, со цел да придонесат за надминување на поделбата на градот долж етнички граници. Можност за своја партиципација во овој проект имаа и сите граѓани на Скопје кои беа поканети во таканаречената Урбана лабораторија - отворена архива во културниот центар “Точка” да ги изложат своите идеи, мислења и сеќавања на градот и да донесат стари фотографии.

повеќе »

Конечно оформен предметот Мал ринг

Со задоцнување од околу една недела Општина Центар ги достави потребните документи до Уставниот суд за да може да се оформи предметот за оценување на законитоста на Деталниот урбанистики план за Малиот ринг, по претставката што ја поднесе градоначалникот Трифун Костовски. Општината го проби рокот од 15 дена што Судот £ го даде за да достави одговор на барањето на Костовски. Таа требаше да даде мислење за тоа дали со усвојувањето на планот за Малиот ринг е прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Општинарите од Центар, ни изјавија дека испратиле одговор до судот, но не сакаа подетално да го коментираат случајот.

- Документите што беа побарани се испратени. Сега останува на Судот да одлучи дали има нешто спорно со планот или не. Причина за доцнењето беше тоа што немаше кој да ги потпише потребните документи - рекоа од таму.

повеќе »
Scroll To Top