Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1645)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Повеќе струја од обновливи извори

photo_renewable_resources.jpgОсло - Светот до 2050 година би можел да добие 95 отсто електрична енергија од обновливи извори, а САД би ги сноселе околу третина од трошоците на толку драстичниот преод од фосилни горива, се наведува во најновиот извештај на Гринпис и Европскиот совет за обновлива енергија (ЕРЕЦ).
За да се остварат овие цели глобалните инвестиции во енергетиката до 2030 година би требало да достигнат 18 билиони долари - што е околу пет пати повеќе од федералниот буџет на САД за наредната година.

повеќе »

Отстранување на ламаринените гаражи во Штип

zgrada-na-opstina-stip.jpgГрадоначалникот на Штип, Зоран Алексов ги повика сопствениците на ламаринени гаражи да ги отстранат своите нелегални конструкции во најкраток можен рок. Во процедура е постапка за распишување на оглас за лицитација на градежно зeмјиште за изградба на деловно-станбени објекти, на кое се лоцирани гаражите.

повеќе »

Германските градежници профитираа од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка

stadion_vo_juzna_afrika.jpgСветските фудбалски првенства се големи настани поврзани со многу инвестиции, како изградба на стадиони, но и сообраќајни патишта. Овој пат во Јужноафриканската Република многу профитираат и германските фирми. Јужноафриканската Република многу инвестира, само за Светското фудбалско првенство се потрошени повеќе од три милијарди евра.

повеќе »

Во април издадени 233 одобренија за градба

dozvoli_za_gradba.jpgСкопје - Во април се издадени 233 одобренија за градба што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 се наменети за објекти од високоградба, 23 за објекти од нискоградба и 26 за реконструкција. Кај 183 објекти од вкупно 233-те, како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 50 - инвеститори се деловни субјекти.

повеќе »

Во Тетово продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи

divogradbi_tetovo.jpgТетово - Општинскиот инспекторат за градежништво на Тетово ќе продолжи со акции за уривање на дивоградбите и незаконските летни бавчи, беше соопштено на прес-конференцијаta што следи по акцијаta кога беше отстранета металната конструкција пред ресторанот „Тич“.

повеќе »

Почна изградбата на градска плажа на кејот на Вардар во Скопје

gft.jpgСкопје - Град Скопје го почна проектот за изградба на градска плажа на кејот на реката Вардар, зад Луна паркот. Со проектот, на површина од 1.775 метри квадратни ќе се постави урбана опрема од монтажен карактер, 20 маси, 80 столчиња и 80 лежалки. Плажата ќе биде со ситен песок, а се предвидуваат две куќички и простор за детски забавни содржини. Градската плажа ќе работи од 10 до 23 часот и граѓаните ќе можат бесплатно да ја користат. Посетителите на градската плажа ќе можат да ги користат тоалетите од Луна паркот.

повеќе »

Медиумски покровител на Конференција за енергетска ефикасност 2010.

konferencija_za_energetska_efikasnost_1.jpgНа ден 03.06.2010 во хотелот Континентал се одржа КОСМО 2010 Конференцијата за енергетска ефикасност насловена - Енергетски ефикасна градба.. Беа присутни предавачи од значајни европски и македонски компании кои зборуваа на различни теми:

повеќе »
Scroll To Top