Норман Фостер (1935-), по дипломирањето во Манчестер, магистрира на универзитетот Јејл во САД,
каде што го прима влијанието на Сергеј Чер маев и
Луис Кан. Во 1963 година, заедно со Ричард Роџерс во
Лондон ја формира фирмата Тим 4, а потоа соработува на
многубројни про екти со Бакминстер Фулер. Од 1975
година тој постојано го зголемува бројот на сора ботниците
во својата фирма, така што во средината на 90-тите години
има над 250 соработници разместени во не колку ателјеа
низ Европа и Азија.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionМихаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 5
Во 1977 година е формирана
фирмата ричард роџерс и
партнерите, која следната
година победува на
конкурсот за седиштето на
компанијата Лојд во Лондон (1979-
86). Исто како и кај центарот во Париз,
и овде се следи скулптуралната
експресионистичка линија на хај-тех
архитектурата. Објектот е конципиран
за да ја изразува постојаната
експанзија на компанијата, што значи
дека може да се доградува чекор по
чекор со додавање или одземање на
елементи, без да се наруши неговиот
интегрален архитектонски израз.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 4
Следните дела на Џејмс
Стирлинг нудат нови раз-
мислувања за компози-
цијата на формите, така
што неговата филозофска
склоност прави пат за новиот екс-
пресионизам. Таквата тенденција е
веќе присутна кај галеријата Клор (1980-
86), како и кај доградбата на галеријата
Тејт (1985) во Лондон. Архитектурата
на последниот објект, преку изнена-
дувачката трансформација на фасад-
ните материјали, бара рамнотежа со
стариот објект.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 3
Проучувајќи го општиот развој на архитектурата, видливо
е дека во средината на 60-тите години на ХХ век,
за време на поп-артот, се појавува една утописка
,,вонинституционална” архитектура, која би можела
да се нарече деконструкција. Протагонисти на таа
архитектура во Велика Британија се членовите на групата
Архиграм, меѓу чии лидери е Питер Кук. Всушност, во времето на
технолошката еуфорија од 70-тите години, групата Архиграм има
особена важност за европската архитектонска сцена. Нејзиното критичко откровение на еден суперфутуристички фантастичен
свет е позитивно протолкувано од многу архитекти.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 2
Од 1960 година најзначајни
реализации во архитектурата
на В. Британија се прават во
областа на административните
и станбените објекти. Дотогаш,
со закон ограничената височина на објектите
до 30 м, под извесни услови е дозволено да
се надмине, така што наместо 9-10 ката,
тие добиваат и по 20-30 ката.
Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 1
Појавата на модерните
идеи и концепции во
архитектурата на В.
Британија, веќе се за-
бележани во втората
половина на XIX век преку делата
на Ф. Веб, Ч. Војси и Ч. Мекинтош,
меѓутоа вистинското свртување
кон функционализмот настанува
во 30-тите години на XX век. Кон тоа
придонесува краткотрајниот престој
на значајните германски архитекти,
кои емигрираат пред нацистичката
репресија и воспоставуваат сора-
ботка со млади таленти од В.
Британија.
Константин Џукески и Јелена Путник
Повод за нашиот
разговор со
архитектите
Константин
Џукески и
Јелена Путник,
што моментно
живеат во
Милано, беше
првата награда
за индустриски
дизајн која тие ја
освоија со својот
проект за маса
на овогодишниот
Саем за мебел
на конкурсот на
тема „Примена
на дрвни
материјали при
изработката на
модерен мебел
и техничка
документација
изработена со
компјутерски
програми.“
Проект за обнова на фасадите во центарот на градот
Штип: Општината ќе им понуди на потенцијалните инвеститори да ги обноват дотраените фасади, а за таа цел ќе добијат локации во централното градско подрачје и дел од споменатите фасади да ги искористат за поставување на реклами.
Меморандум за штедење енергија
Меморандум за разбирање за размена на релевантни податоци поврзани со потрошувачката на електрична енергија и потребната енергија за затоплување на јавните објекти потпишаа вчера УНДП и АД „Топлификација“.