Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1636)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Проектот „Скопје 2014“ – грешка која ги дискредитира архитектурата и урбанизмот

gago.jpg

Драган Крстевски, Студент на Архитектонски Факултет – Скопје

Архитектурата е најекспонираната уметност, од проста причина што не можеме да ја избегнеме или да се изолираме од неа. Таа е уметност која реално им служи на луѓето. Секоја грешка во архитектурата ја гледаат сите, а секоја грешка на лекарите ја покрива земјата.

повеќе »

Младите архитекти се прескокнуваат кога се донесуваат одлуки

ana.jpg

Ана БОРАНИЕВА, дипл.инж.арх.

Проектот за обичниот граѓанин изгледа луксузно и раскошно. Всушност, тоа е и целта на визуелизацијата. Но, ние архитектите мораме да погледнеме подлабоко во сликата. Прво, никој не ја гледа инфраструктурата. Кога ќе се симнете на тлото не се гледа можност за мобилност. Второ, сé е сведено на некој минимум без да се земе предвид понатамошниот раст на градот. Трето, тука не се работи за реставрација, ниту за имитација, ниту за барок, ниту за неокласицизам. Се прави еден чуден хибрид.

повеќе »

Како да живееме во меур од сапуница

risto.jpg

Ристо АВРАМОВСКИ, дипл.инж.арх.

 

Кога го видов првпат видеото бев фасциниран. Визуелно изгледаше добро. А, како и не би било, кога го имаат направено луѓе кои работат за Холивуд?! Но, добра е само визуелизацијата. Останатото ме вчудоневиде.


Јас сум против проектот од повеќе аспекти. Нелогично е да се гради во услови на светска криза кога сите светски компании ги стопираат своите проекти или го намалуваат обемот на работа. Уште повеќе да се форсираат грандиозни објекти. Како да живееме во меур од сапуница, па не ги следиме случувањата надвор.
Проектот нема врска со потребите на градот. При изградбата на објект првенствено треба да се мисли на неговата функција и на негово одржување.

 

повеќе »

Прво да си го исчистиме домот и прагот!

Трајко Димитров, дипл.инж.арх.

 

Бројни беа поединечните искажувања на архитектите на Македонија, вклучени во семејството на ААМ или вон неа, во јавните медиуми, гласила и сл. поврзани со проектот "Скопје-2014". Посебна специфична тежина би морале да имаат ставовите на ААМ, заземени на Вонредното собрание на Асоцијацијата одржана на 10 март 2010 година, посветена само на ова прашање. Помеѓу бројните набројувања во потрага по виновниците од нашите редови, што на време не ја прочитале крајната намера и цел, и на време не ја "фатиле" вистинската страна, во понудениот воведен текст поделен на редовното изборно собрание на ААМ одржано на 18 февруари годинава, во набројувањето на девијантното однесување на поединци, кои довеле до ваквата "затечена" состојба на архитектурата (и архитектите), се препознав себ

 

е си во групниот портрет за дил "на ситно".

повеќе »

20+ ПРИЧИНИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ДУП МАЛ РИНГ

divna.jpg

 

Дивна Пенчиќ, дипл.инж.арх.

 

Ако основа за реализација на владиниот проект „Скопје 2014“ се најновите, а веројатно и сите останати досегашни Измени и дополни на Деталниот урбанистички план Мал ринг, тогаш истакнувањето на сериозните грешки, недоследности и противпланерски услови за градба кои ги пропишува овој план е клучното ПРОТИВ овој проект!!!
Аргументите ПРОТИВ овој план можат да се разгледуваат на повеќе нивоа и тоа:

повеќе »

Гео-инженерски ден 2010

geoinzinerskiden.jpgКонференцијата „Гео-инженерски ден“ претставува значаен настан на подрачјето на компјутерско потпомогнато проектирање (CAD) во градежништвото, архитектурата, урбанизамот, геодезијата, комуналниот инженеринг и иновативните ГИС технологии.

повеќе »

Виното и Архитектурата магнет за туристи

popova_kula.jpgНовиот храм на виното, винарската визба Попова Кула во Демир Капија покажува дека и во рурална средина и неразвиена општина, може да се инвестира, да се прави бизнис и да се создава архитектура која ќе ги привлекува туристите. Оваа "Green Field" инвестиција преставува вистински потстрек за развој на локалниот туризам, како и за извоз на виното од овој регион. 

повеќе »

ПРИРОДО-НАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАТКА – Награда за архитектонски проект на БИМАС 2010

matka.jpgОбјектот на локалитетот Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период во Македонија. Денес, на овој простор се сретнуваат голем број реликтни и ендемични растенија и животни. Од вкупниот број на 1.000 растенија, 20 проценти се ендемити или реликти.

повеќе »

Растенијата се селат поради климата

rastenija.jpgРастителниот свет на планетата е во движење, а причина за тоа се климатските промени, покажува новата анализа за промените во вегетацијата на истражувачите од Универзитетот Беркли, Калифорнија, пренесува магазинот Science Daily .

повеќе »
Scroll To Top