Струга - Продолжува уништувањето на трската која е од исклучително значење за опстанокот на Охридското Езеро, а ситуацијата е најалармантна долж струшкото крајбрежје, реагираат еколозите од Струга.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionЗапочна полнењето на браната Кнежево од хидросистемот „Злетовица“
Кнежево - Во присуство на претставници на компаниите кои учествуваа во изградбата на акумулацијата, на јапонскиот инвеститор, како и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска на локалитетот Кнежево започна полнењето на акумулационото езеро од хидросистемот „Злетовица“.
„Стандарт“: Македонија размислува за учество во „Белене“
Софија - Македонија ја разгледува можноста за учество во изградбата на бугарската нуклеарна централа „Белене“, која моментално е во застој поради недостиг на финансии, пишува бугарскиот весник „Стандарт“.
Повикувајќи се на извори во Владата и во Парламентот во Софија, весникот наведува дека евентуалната позитивна одлука на Скопје да се приклучи во проектот ќе помогне во обезбедувањето средства за доизградба на централата.
Ќе се контролира работењето за избегнување еколошка катастрофа
Скопје - Преку формирање база на податоци индустриските оператори ќе создадат контрола на нивното работење и предупредување од можни ескалации со цел да се избегне еколошка катастрофа.
Тоа е целта на проектот „Интеграција на техничките стандарди на ЕУ во областа на животната средина“ што денеска го промовираше министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
134
Со јахта на базен
Во местото Алгаробо
во Чиле се наоѓа
одморалиштето Сан
Алфонсо Дел Мар кое
многу повеќе е познато по
најголемиот вештачки базен
отколку по архитектурата на
објектите што го опкружуваат.
Базенот лоциран до океанскиот
брег со неправилна форма
е отворен во декември
2006 година, а неговата
конструкција чинела повеќе
од 2 милијарди долари.
Долг е 1000 метри и зафаќа
површина од 7.6 хектари.
Базенот е со длабочина од
35 метри е не само најголем,
туку и најдлабок на светот.
Зелени вертикални градини
ЖИВИ ЅИДОВИ ПРОТИВ
ЕКО-ДЕСТРУКЦИЈА
НА ГРАДОВИТЕ
Озеленувањето на ѕидовите и покривите на објектите на Запад стана хит во последниве две години, а компаниите што се занимаваат со оваа дејност доживуваат вистински бум на пазарот. Денес амбициозните потенцијални градинари се повеќе ги интересира дизајнот на зелените вертикални градини.
повеќе »Експлозија на бои
Во ентериерот на Birkbeck College ве дочекува вистинска експлозија на бои.
Деконструктивистичката композиција сочинета од коси површини, буди
филмски асоцијации. Назабените агли на пример, потсетуваат на Expressionist,
сет од The Cabinet of Dr Caligari, влијателен германски филм од 1921 год., а
силните бои потсетуваат на портретите на филмските ѕвезди на Andy Warhol.
Тајното станува јавно
Склучување на договор е
облигационен однос меѓу
две страни, но за жал, тоа
во градежништвото го нема.
Инвеститорот секогаш ги
поставува правилата, рокот
за изведба максимално се
почитува, а кога ќе дојде
делот за плаќање, тоа се
пролонгира со месеци
и месеци. И досега се
склучувале анекс договори
како што сега предлага
Владата, но тие немале
законска основа.