Како започна се?
Најпрвин се појави компјутерски
оживеано филмче со име
„Скопје 2014”. Беше под заштита
на државата, која е ЗА. Веднаш го
зеде „под свое” опозицијата, која
е ПРОТИВ. Под итно го прифати
јавноста, која е ЗА - ПРОТИВ. Преку
ноќ стана најдискутираниот филм во
Независна Република Македонија и
во македонската кинематографија,
воопшто. Во сиот хаос и врева,
некаде на маргините, а некои
велат - од подземјето, се појавија и
зборовите архитектура и архитекти.
Некои се појавија дури и лично, ама
после. А хаосот трае ли, трае...
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionЕдна од најголемите странски инвестиции во земјава
Фабриката за откуп, преработка
и складирање на тутун Сокомак
АД Битола, чија вредност
е околу 40 милиони евра, е
една од најголемите странски
инвестиции во државава
последниве години. Нејзината
изградба беше предизвик,
како од конструкциски, така и
од градежен аспект. Генерален
изведувач беше словенечката
компанија ТРИМО, односно
нејзината фирма во Македонија.
Антагонизам помеѓу стаклена елипса и бетонски лист
Како се градат објекти кои
стануваат нови репери во
својата околина, покажува
примерот на објектот „Сан
Марко“ во Скопје чиј автор
е архитектот Ѓорѓи Мојсов.
Зградата се наоѓа во строгиот
центар на градот, во непосредна
близина на Телеком, Градскиот
плоштад и Камениот мост.
Подемот и падот на кулата
Три 99 катни кули се предвидуваат
за девет хектарската реперна
парцела во Општината Центар
наспроти хотелот „Холидеј Ин“
во Скопје. Тие треба да обезбедат
станбен, јавен, комерцијален и
деловен простор на оваа локација,
веќе наменета за облакодери по
урбанистичкиот план на Танге.
136/137
Поставени двата лава на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“
Скопје - Општина Центар утринава почна со поставувањето на двете спомен-обележја „лав“ на јужната страна од мостот „Гоце Делчев“, од авторите Елена и Дарко Дуковски.
Лавовите се високи пет метри и пет тони тешки, а излеани се во бронза во леарницата „Фернандо Маринели“ од Фиренца. Лавовите се поставени на армирано-бетонски постаменти, со висина 3,5 метри, ширина 2,4 метри и должина 5,5 метри, изработени од фирмата „Бетон“.
Две фирми заинтересирани за инвестиции во штипската техничко-технолошка зона
Штип - Две странски компании се заинтересирани за инвестирање во новата техничко-технолошка зона кај приградската населба Три чешми во Штип.
Според градоначалникот Зоран Алексов, заинтересираните инвеститори оствариле средби со него, но склучувањето на договорите го реализира централната власт.
Интензивно се гради индустриската зона во Василево
Струмица – Општина Василево забрзано работи на инфраструктурното уредување на индустриската зона која се простира од двете страни на магистралниот пат Струмица – Радовиш.
Осум компании заинтересирани за Полошката депонија
Скопје - Осум компании се пријавиле на Јавниот повик за доделување концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот плански регион.