Пицеријата AMATTI што се
наоѓа во новоотворениот
Супер Центар „Веро“ со
својата суптилна и непретенциозна
поставеност, претставува едно
од најквалитетните ентериерски
изведби во самиот простор. Сместен
на површина од педесетина метри
квадратни, објектот креира еден
успешен спој на функционалното и
естетското обликување, со што е добиен
пријатен и релаксирачки простор,
кој привлекува безброј посетители.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionПоглед на Македонија низ хексагоните на пчелиното гнездо
Андријана САВИЌ. Дизајнот на македонскиот павилјон е инспириран од
пчелиното гнездо. Тоа е земено како мотив за претставатa
за урбан живот во природата, што кореспондира со
источната филозофска мисла за хармонија помеѓу
урбаниот живот и природната средина.
Кинеска „лекција“ по градежништво
До каде може да оди
градежната мафиозна
спрега меѓу компаниите
и локалните власти, најдобро
покажува следниот пример од
Кина. Имено, една од зградите во
елитната населба „Лотосов брег“,
сместена покрај река во градот
Шангај, се урнала уште пред да
биде вселена од станарите.
Кинеска „лекција“ по градежништво
Една од комплексот од 11 тринаесеткатници згради во елитната населба Лотосов брег, сместена покрај река во Шангај, се урнала уште пред да биде вселена од станарите. Откако ја изградиле зградата, изведувачите почнале да градат подземен паркинг. За таа цел тие направиле ископ од предната страна на длабочина од 4,6 метри.
Презентирано идејното решение за изградбата на становите од „АРМ мој вистински дом“
Скопје - Пред припадниците на АРМ денеска во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски беше презентирано идејното решение во прва фаза за изградба на станови од проектот „АРМ мој вистински дом“ од страна на архитектонскиот тим од професори, асистенти и соработници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“.
Првата ХЕЦ во Хрватска започна со пробна работа
Загреб - Првата хидроцентрала изградена во Хрватска од осамостојувањето денеска започна со пробно работење. Почетокот на работата го означи хрватската премиерка Јадранка Косор. Хидроцентралата Лешќе е на реката Добра, а ќе се управува далечински од хидроцентралата Гојак која се наоѓа низводно од Лешќе.
Се реконструира регионалниот пат Струмица – Дојран
Струмица – По поставувањето втор асфалтен слој на транзитната делница низ Струмица, односно на дел од булеварот „Климент Охридски“, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкција на регионалниот пат Струмица – Дојран.
Отворен новиот трговски центар „Веро“ во Скопје
Скопје - Грчката групација Веропулос вечерва во Скопје го отвори новиот трговски центар „Веро“ што се наоѓа спроти Народната банка на Република Македонија.
Новиот „Веро“, со површина од 40.000 метри квадратни, се вбројува меѓу најголемите трговски центри во државава.
Локалитетот Локви – Горно Коњари споменик на природата
Скопје - Собранието на Република Македонија го поддржа Предлог-законот за прогласување на локалитетот Локви - Големо Коњари за споменик на природата и го даде на натамошно читање.
Со донесувањето на законот ќе се овозможи заштита, зачувување и одржување на живеалиштата, екосистемите и видовите во природна состојба, како и одржување на природно воспоставените еколошки процеси во овој локалитет.