Повеќекратното зголемување
на популацијата во светот во
последните стотина години
предизвика екстремно
растење на современите
градови. Пренаселеноста
претставува најголем основен
проблем на денешните
градови придизвикувајќи низа
верижни проблеми најчесто
поврзани со деградација
на животната средина.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionТехеран каков што не го познаваме
Во нашата јавност, а и пошироко во светот, кога ке се спомне Техеран веднаш се будат асоцијации на санкции од ОН, атомски централи, оружје за масовно уништување, протести на опозицијата... тоа е впечатокот создаден од медиумските извештаи од Иран. Ретко се споменува и другата слика на градот, а таа има што да понуди. И покрај разните санкции, многумилионскиот град се развива со чекори кои не сопираат.
Ни требаат или конзорциум на градежни фирми или лични врски со Гадафи
Либија моментно е едно од најголемите "градилишта" во светот каде се ангазирани водечки светски компании. Единствен начин македонските градежници да се вратат како главни изведувачи, а не како подизведувачи на турски или грчки фирми, е да формираат конзорциум на повеќе фирми кои ке настапат заедно на Либискиот пазар.
Дефинирање и валоризација на заштитени подрачја во Македонија
Скопје - Во Македонија треба да се дефинираат и валоризираат заштитените подрачја, да се утврдат нивните вредности и да се воспостави мрежа во која тие заштитени подрачја ќе бидат опфатени на територијата на цела држава, истакна денеска директорот на Управата за животна средина, Филип Иванов.
Ќе се гради трговско-станбен комплекс во Штип
Во месноста Сењак 3, во Штип, по пат на јавно наддавање е продадена градежната парцела, која со последна понудена цена од 2.800 денари за квадратен метар ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали за конфекција „НИКО 2002“, чиј сопственик е бизнисменот Ацо Николовски. Земјиштето со површина од 2.237 квадратни метри е наменето за изградба на објекти за колективно домување.
Ќе се градат студентски домови во Скопје, Тетово и Штип
Скопје - Премиерот Никола Греувски најави дека наскоро преку јавно-приватно партнерство ќе почне изградба на нови студентски домови во Скопје, Тетово и Штип. Постапката и подготовките се започнати, а наскоро треба да биде официјализирана и од Владата.
Jавна расправа за регулација на коритотo на Брегалница
Во Штип се одржа јавна расправа за регулација на коритото на река Брегалница. Се дискутираше по нацрт-верзијата на „Студијата за можности за регулација на коритото на река Брегалница“.Присутните дискутираа за можноста од поставувањето на мини-акумулации, брани и каскади. На јавната расправа присуствуваа над 50 заинтересирани претставници од регионот и пошироко.
Арктичкиот мраз би можел да се истопи до 2030 година
Вашингтон - Мразот на Арктикот продолжи да се топи и ова лето, иако не со така алармантна брзина како во 2007 година, предупредуваат американските научници.
Тие наведуваат дека покривката од мраз на Арктикот рекордно се намалил и дека доколку топењето прдплжи со ова темпо мразот во оваа област ќе исчезне до септември 2030 година.
Во Радовиш се гради фотонапонска централа
Радовиш - Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра.
Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе бидат поставени 256 сончеви панели.