Во местото Алгаробо во Чиле се наоѓа одморалиштето Сан Алфонсо Дел Мар кое многу повеќе е познато по најголемиот вештачки базен отколку по архитектурата на објектите што го опкружуваат. Базенот лоциран до океанскиот брег со неправилна форма е отворен во декември 2006 година, а неговата конструкција чинела повеќе од 2 милијарди долари. Долг е 1000 метри и зафаќа површина од 7.6 хектари. Базенот е со длабочина од 35 метри е не само најголем, туку и најдлабок на светот.
повеќе »Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionЗелени вертикални градини
ЖИВИ ЅИДОВИ ПРОТИВ ЕКО-ДЕСТРУКЦИЈА НА ГРАДОВИТЕ
Озеленувањето на ѕидовите и покривите на објектите на Запад стана хит во последниве две години, а компаниите што се занимаваат со оваа дејност доживуваат вистински бум на пазарот. Денес амбициозните потенцијални градинари се повеќе ги интересира дизајнот на зелените вертикални градини.
повеќе »Експлозија на бои
Во ентериерот на Birkbeck College ве дочекува вистинска експлозија на бои. Деконструктивистичката композиција сочинета од коси површини, буди филмски асоцијации. Назабените агли на пример, потсетуваат на Expressionist, сет од The Cabinet of Dr Caligari, влијателен германски филм од 1921 год., а силните бои потсетуваат на портретите на филмските ѕвезди на Andy Warhol.
повеќе »Тајното станува јавно
Склучување на договор е облигационен однос меѓу две страни, но за жал, тоа во градежништвото го нема. Инвеститорот секогаш ги поставува правилата, рокот за изведба максимално се почитува, а кога ќе дојде делот за плаќање, тоа се пролонгира со месеци и месеци. И досега се склучувале анекс договори како што сега предлага Владата, но тие немале законска основа.
повеќе »Тунел под Босфор
Сојузот на градежни инженери и Друштвото за патишта, преку туристичката агенција ,,Александар“, организираше стручна екскурзија, посета на градилиште во Истанбул каде се вршат работи околу подземната железничка - метро станица и двата моста кои ја поврзуваат Европа со Азија. Учесниците на екскурзијата беа примени од главниот надзорен инженер на објектот во градба Guney Yilmaz.
повеќе »Македонија и ЕИБ потпишаа дговор вреден 50 милиони евра за водоснабдување и одведување на отпадни води
Скопје - Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претставникот на Европската инвестициска банка Петер Зајц денеска потпишаа Договор за заем за финансирање на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ вреден 50 милиони евра. Проектот е дел од политиката на Владата за рамномерен регионален развој. Целта е преку инвестиции во комуналната инфраструктура да се стимулира развојот на општините.
повеќе »Град Скопје потпиша консултантски договори за подземните сообраќајници и за Луна паркот
Скопје - Градоначалникот Коце Трајановски, по завршувањето на тендерските постапки, потпиша консултантски договори со реномираната шпанска фирма ИДОМ од Билбао, за проектите подземни сообраќајници и забавен парк. Како што соопшти Град Скопје, со консултантските договори фирмата од Билбао треба да изработи студии за двата проекта и да ги утврди правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на проектите.
повеќе »Отворена првата катна гаража во Прилеп
Прилеп - Прилеп денеска ја доби првата катна гаража. На вкупно 10.000 метри квадратни гаражен простор се нуди можност за гаражирање на 400 возила. Во приземјето комплексот располага и со 300 квадрати деловен простор. Инвестицијата од 4,2 милиони евра е на струмичката компанија ДМ ОИЛ, која земјиштето го доби на тендер распишан од Министерството за транспорт и врски.
повеќе »Расте примената на енергијата од обновливи извори во Европа
Брисел - На енергијата од обновливи извори во 2008 година отпаѓаа 10,3 проценти од вкупната потрошена енергија во рамките на Евероската унија, со што продолжува трендот на раст на нејзината примена, соопшти Агенцијата за сттистика на ЕУ - Евростат.
повеќе »