Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1613)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Пуштена во употреба жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст

zicara_thumb.jpg

Скопје - Градскитевласти денеска ја пуштија во употреба жичарницата од Средно Водно доМилениумскиот крст.

На жичарницата има 28 обични гондоли за осумлица и две ВИП за четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени содржачи за велосипеди. Трасата е долга 1.750 метри, а возењето од Средно Воднодо Милениумскиот крст ќе трае од шест до осум минути.

повеќе »

Поставен камен-темелник за изградба на нов мост меѓу Ѓорче Петров и Сарај

most-saraj-star_thumb.jpg

Скопје - На метар и половина од постоечкиот Железен мост, кој ги поврзува населбите Ѓорче Петров и Сарај, денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нов поврзувачки објект.

повеќе »

Фабрика за селекција и третман на комунален отпад

fabrika_za_otpad_thumb.jpgГоран Ангелов е главниот човек, кој стои зад Јавното претпријатие „Дрисла“. Исто така, Ангелов е и прв претседател на Асоцијацијата на локални власти на Југоисточна Европа, и поранешен претседател на ЗЕЛС. Со него разговаравме околу депонијата Дрисла, како таа функционира, со каква опрема (механизација) располага и како се справува со предизвикот наречен ОТПАД. Во иднина отпадот ќе биде суровина од која ќе се црпи депониски гас и ќе се користи за производство на електрична (околу 3 МW) и топлотна енергија за потребите на објектите во депонијата.

повеќе »

Прв пасивен објект во Македонија

pasiven_objekt_thumb.jpgОбјектот што е изграден според енергетска ефикасност е во највисоката класа. Значајно е тоа што има највисока заштита на влијанието врз животната средина, со многу мала емисија на штетни гасови како јаглероден диоксид. Ваквите објекти се вистински пример за филозофијата на одржлив развој, намалување на емисијата на штетни гасови за спас на планетата. Затоа најчесто се именувани како еко куќи, зелени куќи и сл.

 

повеќе »

Општина Штип го доби архитектонското решение за градскиот плоштад

stip.jpg

Штип  - Општина Штип го доби архитектонското решение за градскиот плоштад што ќе се реконструира со кредит од Светска банка, а во рамки на проектот за уредување на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња.  
Градоначалникот на општината Зоран Алексов изјави дека архитектонското решение нуди модерен изглед, но и повеќе искористен простор за граѓаните.

повеќе »

Отворен првиот високоенергетски објект во Македонија

ekspro2_thumb.jpgВо Струмица свечено е отворен првиот високоенергетскли објект во Македонија. Станува збор за административната зграда на компанијата Експро. Куќата ќе носи огромни енергетски заштеди, ќе биде полезна за околината, а инвестицијата би се повратила за малку подолго од четири години, ако не и порано, со оглед на постојаното зголемување на цените на енергијата и енергетските суровини.

повеќе »

Вавилонската кула уметничка инсталација

vavilonska_kula_thumb.jpgПознатата аргентинска уметница Марта Минујин направила 25 метри висока реплика на Вавилонската кула од 30.000 книги кои се пишувани на разни јазици. Кулата е подигната во чест на именувањето на Буенос Аирес за светска престолнина на книгата во 2011 година.

повеќе »
Scroll To Top