Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionWikiHouse – Оpen Hardware архитектура
„WikiHouse e Open Community Construction Set. Целта е да му се овозможи на секого, без
разлика на неговите формални вештини, слободно да презема од интернет и да гради
структури, кои може да си ги дозволи и кои се приспособени на неговите потреби.“
Прво правило на технологијата
е: сè е можно. Сходно на
тоа, кога ќе слушнете нешто
тотално откачено за технологијата,
првиот совет е: не велете нема
шанси.
Oбнова на дел од куќите во штипско Ново Село
Во штипско Ново Село во тек се активности
за обнова на некои приватни куќи. Таков е
примерот со куќата на Мијалкови, која се
смета за автентично македoнско градежно
ремек-дело, но со децении беше запуштено.
Шанси се бараат и во европски проекти со
посредништво на француски експерти.
Познато е дека архитектурата на
куќите во штипско Ново Село
е во духот на балканската
градска архитектура од времето на
XVIII и почетокот на XIX век. Поинаку
кажано, станува збор за автентична
македонска архитектура.
Еден или три музеи на Скопското Кале?
Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во пролетта
2008 година одлучи да реализира продлабочена настава од областа на градителското
наследство на тема „Археолошки музеј Горен град - Кале, Скопје“. Во текот на два семестри, во
овој проект зедоа учество четири професори, два асистенти и други соработници. Тие работеа
со 24 студенти, и изработија студија за значењето и вредностите на Калето од различни
аспекти, и предложија нови соодветни локации за подигање на тематски археолошки музеј.
Архитектура по мерка на човекот, а не статистички податок
Јавната презентација и
професионална рецензија
на планираните активности
и постигања, максимално ќе го
доближат нашиот продукт до
пошироката јавност, со перманетно
претставување и вреднување,
во постапка која ќе го има како
крајна цел оформувањето на
урбани агломерации по мерка на
човекот и просторот, со се она што
е непишана норма за реализација
на архитектонски дела на нивното
вистинско место со почитување на
законитостите на времето“.
Грандиозност на Сава
Мостот на Сава представува најзначаен елемент на внатрешниот магистрален полупрстен (УМП) од проектот за изградба на полукружната градска сообраќајница, која има за цел намалување на сообраќајниот метеж и дислокација на сообраќајот од центарот на градот. Останува да се види дали грандиозниот мост ке ја оправда својата цена, која според различни процени се движи од 120 милиони евра дури до 500 милиони евра, и која веке долго време ја подвојува јавноста во Белград.
Едни градат- други рушат
Во разни фази на градбата (електрика, машинство, водовод и канализација
и други) мајсторите буквално со денови се препуштени сами на себе и
ги извршуваат своите работни задачи онака како што сметаат дека е
најлесно и најбрзо. Притоа, многу често се случува да направат огромни
оштетувања во носечката армирано-бетонска конструкција, која може
да има несогледиви последици, па дури и од безбедносен карактер.
Спомен-куќата на Тоше победува и објекти од милиони евра
Спомен-куќата на Тоше Проески влезе меѓу најдобрите архитектонски дела од 65 земји кои ќе бидат презентирани на Светскиот архитектонски фестивал (WAF) во ноември во Барселона, Шпанија. Во рамките на фестивалот годинава за првпат се одржува и манифестацијата Open Bilding, People’s Choice Award 2011, каде што по електронски пат може да се гласа за објектите што ќе бидат изложени на фестивалот.
Климатските промени сериозна закана за македонското земјоделство
Скопје - Рационално искористување на водните ресурси, мордернизација на иригациските системи, навремено предвидување на временските услови, обука на земјоделците за применување најсоодветни производни техники и добивање брзи, точни информации за успешен пласман, се клучните мерки што треба да ги спроведе македонскиот аграр со цел ефикасно надминување на последиците од климатските промени.