Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1604)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Подготовка на градината за презимување

gradina-za-prezimuvanje-thumb.jpg

Многумина сметаат дека со паѓањето на температурите прекинуваат сите активности во градината. Тоа не треба да биде така затоа што градината треба да се подготви за презимување. Иако календарски зимата (21 декември) е далеку, сепак треба да се отпочне со подготовка на градината за презимување. 

повеќе »

Колку е квалитетен воздухот во Скопје?

vozduhot-vo-skopje-thumb.jpg

На годишно ниво, граѓаните на градот Скопје се изложени на 4.169 тони јаглероден моноксид, 1.943 тони азотни оксиди, 6.345 тони јаглероден диоксид и 284 тони прашина. Поединечно, бројката изнесува околу 20 килограми штетни гасови вдишени од страна на секој жител на градот Скопје, на годишно ниво.

повеќе »

Инспиративен и чудесен објект

inspirativen-objekt-thumb.jpg

Олимпискиот велодром е добитник на наградата за најдобар јавен објект што ја доделува британскиот премиер. Станува збор за награда преку која се оддава признание на новоизградените објекти и простори со кои се подобрува извршувањето на јавните услуги, се создава чувство на идентитет и заедница, и кои помагаат да се изгради одржлива иднина.

повеќе »

Функционална трансформација на запуштените фабрички комплекси

funkcionalna-transformacija-na-napusteni-fabriki-thumb.jpg

Туркоан и Рубе се две од вкупно 85 општини кои ја сочинуваат агломерацијата Лил- Метропол, и сите заедно бројат 1,2 милиони жители. Својот имиџ на индустриски градови, граден повеќе од 150 години, почнува да се менува. Причина за ова е економската криза во Северна Франција и затворањето на бројните текстилни фабрики во овој регион. 

повеќе »

Акустично ремек-дело

sibelius-thumb.jpgВо градот Лахти, во јужна Финска, се наоѓа една од десетте најдобри концертни сали за снимање на носачи на звук. Ова го овозможува одлично проектираниот објект и изборот на материјали кои се користени во градбата. Концертната сала е наречена "Сибелиус хол", во чест на големиот фински композитор Јан Сибелиус.

повеќе »

Пет кратки приказни од Токио

tokio-thumb.jpg

Интро 
На почеток на 2011 година, имав една кратка комуникација со Јапонија преку Интернет околу изложба, која беше испланирана за месец јули во Токио. Изложбата беша на тема: "Метаболизам - Градот на иднината". На 11 март 2011 година, Јапонија ја погоди катаклизма од невидени размери, случување кое го раздрма физикусот на една голема цивилизација.

повеќе »

Коридорот 8 не е исплатлив

koridor-8.jpgМакедонија се откажува од планот за целосна реализација на патниот дел од Коридорот 8 преку модел на концесионирање - откако на последниот тендер не се јави ниту една заинтересирана компанија. Владата во Скопје сега подготвува нова стратегија.

повеќе »

Граѓанинот во контекст на урбаниот пејзаж

arhitektura-saopaolo-brazil-thumb.jpg

Приоритет на ова Биенале е да се прикаже обичниот граѓанин, односно начинот на кој живее, комуницира, создава во просторот каде што архитектурата и урбанизмот се постојано присутни.
Александра Шекутковска, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Бразил)

повеќе »
Scroll To Top