"Денови на Орис" во Белград беа можност за посетителите, во најголем број студенти, да се запознаат со архитектурата на српскиот архитект Срѓан Јовановиќ Вајс, кој веќе петнаест години живее во Соединетите Американски Држави, на архитектонското биро "2 Архитекта" од Загреб, на шпанскиот архитект Алберто Кампо Баеза и на архитектот кој дојде од Австрија, Борис Подрека. Четворицата предавачи имаат поинакви, но и автентични погледи кон архитектурата, а она што ги поврзува е неспорниот квалитет во приодот кон секој архитектонски проблем со кој се соочуваат во текот на својата работа.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionЗоолошка градина по мерка на животните
Проектирањето и изготвувањето на техничката документација за Зоолошката градина во Битола, е според стандардите и препораките на European Association of Zoo and Aquaria (EAZA), најрелевантната европска институција за заштита на животните. Минатата година, во рамките на Акцискиот план за развој на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а на иницијатива на општина Битола, беше предвиден проект за изработка на техничка документација за Зоолошката градина во Битола.
Скопје има место за уште жители
Според објаснувањето од градската управа, градот може да расте без да се шири, преку пополнувањето на празните девастирани простори (не-места) кои егзистираат во градот и тоа во прилично голем процент, со обнова и реконструкција на субурбаните и субстандардните простори, како и со пренаменување на застарените и високозагадувачки индустриски комплекси.
178
Прва вертикална градина во Македонија?
Трансформирачко искуство
Дизајнот на мебел се движи во различна насока од дизајнот на облека. Луѓето сакаат нивниот мебел да трае, а уште поважно, малку од нив сакаат да го третираат својот мебел како модно влијание на тренд. Затоа тој не е резултат на промена на вкус, туку одговор на нови потреби на потрошувачите. Иновативноста и развојот на овој дизајн е секогаш присутен, и затоа е тешко да се одредат нејзините можни граници.
Дрвото како извор на инспирација во дизајнот
Тунел за поврзување на два краја од центарот на градот
Се проценува дека цената на објектот заедно со целата опрема за безбедност ќе изнесува 25-30 милиони евра. Со цел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж во центарот на Скопје, Министерството за транспорт и врски започна со тендерска процедура за изработка на "Студија за сообраќајниот систем на градот Скопје", со идеен проект за Подземна сообраќајница од Соборниот храм до зградите на комплексот банки.