Насловна / Author Archives: Порта3 (page 1575)
Author Archives: Порта3
Feed Subscription
Секое место има некоја репутација. Таа може да биде позитивна, негативна или како во повеќето случаи комплексна. Врз репутацијата на некое место влијаат многу фактори кои не мора да имаат директна врска со архитектурата на градот, како што се социјалните, политичките или хигиенските услови. За разлика од репутацијата, првата импресија за накој град има врска со изгледот на самиот град, архитектурата, зградите, улиците, парковите и со сите останати елемнти кои го формираат тој град.
Кинематографски слики и архитектура
"Во почетоците на нашата работа, почнавме да разговараме за филмовите, за сликите во филмовите, имено, дојдовме до сознание дека поголемиот дел од нашето искуство, или недостаток на традиција е преземено од искуството на градот и местото како што е претставено во филмот. Нашите модели, особено оние што ги правиме за видеозапис, стануваат архитектонски слики кои се дел од искуството на набљудувачот.
повеќе »169
170
Подготовка на градината за презимување
Многумина сметаат дека со паѓањето на температурите прекинуваат сите активности во градината. Тоа не треба да биде така затоа што градината треба да се подготви за презимување. Иако календарски зимата (21 декември) е далеку, сепак треба да се отпочне со подготовка на градината за презимување.
повеќе »
Колку е квалитетен воздухот во Скопје?
На годишно ниво, граѓаните на градот Скопје се изложени на 4.169 тони јаглероден моноксид, 1.943 тони азотни оксиди, 6.345 тони јаглероден диоксид и 284 тони прашина. Поединечно, бројката изнесува околу 20 килограми штетни гасови вдишени од страна на секој жител на градот Скопје, на годишно ниво.
повеќе »
Инспиративен и чудесен објект
Олимпискиот велодром е добитник на наградата за најдобар јавен објект што ја доделува британскиот премиер. Станува збор за награда преку која се оддава признание на новоизградените објекти и простори со кои се подобрува извршувањето на јавните услуги, се создава чувство на идентитет и заедница, и кои помагаат да се изгради одржлива иднина.
повеќе »
Функционална трансформација на запуштените фабрички комплекси
Туркоан и Рубе се две од вкупно 85 општини кои ја сочинуваат агломерацијата Лил- Метропол, и сите заедно бројат 1,2 милиони жители. Својот имиџ на индустриски градови, граден повеќе од 150 години, почнува да се менува. Причина за ова е економската криза во Северна Франција и затворањето на бројните текстилни фабрики во овој регион.
Акустично ремек-дело
Во градот Лахти, во јужна Финска, се наоѓа една од десетте најдобри концертни сали за снимање на носачи на звук. Ова го овозможува одлично проектираниот објект и изборот на материјали кои се користени во градбата. Концертната сала е наречена "Сибелиус хол", во чест на големиот фински композитор Јан Сибелиус.
повеќе »