-->
Насловна / (page 1005)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

ГРАДЕЖНИ ЈУБИЛЕИ: Сеикан – најголемиот светски тунел прослави 20 години

Image
Со должина од 53 километри, Сеикан тунелот во Јапонија е најголемиот и најдолгиот железнички туннел на светот. Од споменатата должина, дури 23 километри поминуваат под морското дно.Иако тунелот помеѓу Франција и Англија кај Ла Манш има поголема должина под морското дно, сепак јапонската гордост останува број еден заради вкупната должина. Сеикан тунелот е лоциран помеѓу островите Хоншу и Хокаидо, како дел од линијата Каикјо на железничката компанија.

Велат дека благодарение на тунелот, железничкиот сообраќај е најевтиниот транспорт во Јапонија, а приматот број еден, овој тунел ќе го задржи до 2018 година кога е планирано да се отвори т.н. Готард тунел.

повеќе »

Средба на двата лака

МОНТАЖА НА ЧЕЛИЧНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА МОРАЧА На градилиштето на пешачкиот мост на Морача во Подгорица, моментно се монтира челичната конструкција со помошните елементи, од островот направен во коритото на реката. Како што може да се види од ...

повеќе »

Едноставно, модерно и убаво

Млада брачна двојка со едногодишно дете треба да се всели во стан во центарот на градот. Планираат промена на електричната, водоводната и канализационата инсталација, реновирање на бањата, замена на вратите и прозорците во станот и функционално издвојување на дневната, трпезаријата ...

повеќе »

Местото каде што Сонцето ја менува судбината на човекот

Image
СЕ ИСКАЧИВМЕ НА МЕГАЛИТСКАТА ОПСЕРВАТОРИЈА КОКИНО

Испреплетување на паралелни светови. Иреалност. Мистичност. Лутам меѓу термини и повторно како да ми фали вистинскиот збор за да го опишам чувството што ме обзема додека по лизгавата земја, нога пред нога се искачувам на Татиќев камен, во кумановскиот регион. Теренот е стрмен, јас не сум по искачувањето, ама овојпат предизвикот е голем - морам да видам што е тоа на врвот на планината што остава без здив, што крие илјадагодишни тајни и одблизу се познава и со Сонцето и со Месечината. Името му е Кокино, мегалитска опсерваторија стара 4.000 години која потврдува континуитет на животот на ова мало парче земја наречена Македонија. Тој податок ми го грее срцево и продолжувам по нашиот водич Ѓоре Ценев, раководител на Планетариумот при Младинскиот културен центар кој седум години активно го истражува Кокино.

повеќе »

На седумгодишен мегдан со Кокино

... разговор со Љупчо Илиевски, фотограф.

Професионално работи како камерман во Македонската радио-телевизија, ама фотографијата му е и ќе остане прва љубов. За себе вели дека не фотографира, дека пишува со светлина и тоа не актуелни теми, туку во фокусот му се навидум неважни теми кои ги обработува долг временски период. Така, лустерот од Офицерскиот дом го сликал од 1982 до 1993 година. Вели дека со тој лустер се инаетел цели 11 години, собирал податоци за него, истражувал, во него наоѓал лузни, траги. Многу чувства внел во таа работа. Во последниве седум години е на мегдан со историја стара 4.000 години. Вели, приказната со Кокино не е завршена. Има уште што да запише со светлината.

повеќе »

НА ИНИЦИЈАТИВА НА ВЛАДАТА: Македонско село на Водно и реонски центар во Карпош

По нарачка од Владата Општина Карпош донесува Урбанистички план вон населено место Горно Нерези за локалитетот “Македонско село” и измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план за Реонски центар Карпош 3, западен дел. Овие два проекта се дел од владината програма за оваа година и имаат приоритет, па плановите ќе се донесат по скратена постапка. Урбанистичките планови ги изработи Агенцијата за планирање на просторот, за Македонско село на конкурс се избра и идејното архитектонско решение што го изработи фирмата “Тетракис”, а јавната расправа за двата плана веќе заврши.

Македонското село кое всушност ќе биде музеј на отворено и ќе ја претставува ендемската македонска архитектура и традиција ќе се наоѓа на падините на Водно, над манастирот “Свети Пантелејмон”, јужно од селото Горно Нерези, кое пак е на северните падини на Водно, на надморска височина од околу 640 метри. Маргарита Кузмановска од Агенцијата за планирање на прострот објаснува дека селото е третирано како една целина со површина од нешто повеќе од два хектари и се надоврзува на споменичниот комплекс “Свети Пантелејмон”, односно ќе претставува комплекс на градби во една градежна парцела. На тој простор е планирано да се изградат десетина куќи во различни архитектонски стилови карактеристични за традиционалната македонска селска архитектура во кои ќе се презентираат старите македонски занаети како грнчарскиот, пекарскиот, бочварскиот и други, а и ќе се продаваат предметите што ќе се изработуваат таму. Исто така, треба да има и отворен амфитеатар, музеј, парковско зеленило со рибник, воденица, трло, ан каде што ќе може и да се преноќи и друго што би го отсликало некогашниот живот во македонските села. “ Основа за изработка на овој план е Стратегијата за одржлив развој и Програмата на Владата. Функцијата е фокусирана на развој на туризмот и културното наследство “, вели Кузмановска.

повеќе »

3Д принтери – индина на печатењето

Image
Како едно од поновите технолошки чуда, на 3Д принтерите, се чини допрва им доаѓа времето. Се очекува обемот на продажбата да им се зголеми за 75 пати до 2011 година. Во иднина, експертите велат, нашиот живот не би можеле да го замислиме без овие “чудни машини“. Како и да е никој нема сомнежи во успехот на оваа технологија.
Сепак, живеејќи на маргините на случувањата, многумина би си го поставиле прашањето: Што е тоа 3Д печатење. Според Википедија: „3Д принтањето е категорија на брза технологија на изработка на прототипи“. Всушност, тоа е ЦАД/ЦАМ технологија која дигиталниот 3Д модел изработен во некоја од 3Д апликациите (CAD - Computer Aided Design) го материјализира преку ма- шина (CAM - Computer Aided Manufacturing). Значи, 3Д принтерите “принтаат“ реални 3Д модели.

повеќе »

Апстракт од дисертацијата на архитект д-р Петар Николовски

Image
Трендот на климатските промени на глобално планетарно ниво, особено засилен при крајот на минатиот
век, кој континуирано продолжува и во овој век, несомнено беше причинет од зголемената емисија на штетни гасови во атмосферата, т.н. “стакленички гасови”, кои се продукт на зголемените човечки активности во сите домени на технолошкиот развој.

Ако се исклучат недоволно користените обновливи извори на енергија, главен енергент за обезбедување на енергетските потреби во зградите се фосилните горива. При нивното согорување доминантен нуспроизвод е стакленичкиот гас јаглероден диоксид (ЦО2), кој е главниот виновник за формирањето на “стаклената градина”.

повеќе »

Разработките за топлинските мостови да влезат во македонската регулатива

ПРОМОЦИЈА НА ДОКТОРСКАТА ДИСЕРТАЦИЈА „ЛИНЕАРНИ ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ ВО ЗГРАДИ ВО РЕГИОНИ СО СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ” НА НИКОЛОВСКИ

Пионер на енергетската ефикасност во Македонија. Вака д-р Димитар Назрски, професор на Универзитетот по архитектура, градежништво и геодезија во Софија го нарече новиот македонски доктор по технички науки Петар Николовски на презентацијата на неговата докторска дисертација на тема “Линеарни топлински мостови во згради во региони со сеизмичка активност”, што се одржа во Скопје. Трудот е работен на Универзитетот по архитектура, градежништво и геодезија во Софија, а одбранет пред комисија на специјализиран научен совет при вишата акредитациона комисија на Бугарската академија на науки.

повеќе »

До крајот на годинава: Обнова на Универзална сала

Единствената концертна сала во Скопје наскоро ќе се реконструира и догради со помош на Владата. Ова го најавија премиерот Никола Груевски и директорот на Универзална сала Душко Поповски. Веќе е распишан меѓународниот тендер за изведувач на градежните активности кои, пак, ...

повеќе »

Црквата на Плоштадот незаконски исцртана

Image
Антикорупциската комисија утврди дека Деталниот убранистички план со кој е предвидена изградбата на владина црква на плоштадот Македонија е донесен незаконски. Антикорупциската комисија ги разгледа измените на ДУП “Мал ринг“ и констатира дека при неговото донесување имало низа пропусти бидејќи не се почитувани Законот за урбанистичко и просторно планирање и Законот за Град Скопје. Антикорупционерите не кажаа дали и кога ќе преземат мерки за санкционирање на надлежните од Општина Центар кои ги донесоа измените на ДУП по налог од Владата.

повеќе »

Плоштад под „Света Богородица”

Градската власт се подготвува за изградба на нов плоштад на коритото на Вардар, под црквата “Света Богородица”. Според проектот, кој веќе се изработува, тој нема да биде голем и со нови скали ќе биде врска меѓу кејот и коритото. Градоначалникот ...

повеќе »

хАБИТУс

Image
Колапсот на вредносните критериуми и стандарди во транзиционите години на македонската архитектура подеднакво се одрази во двата домени на пост-социјалистичката егзистенција - приватниот и јавниот. За тоа дека овој проблем на програмската компонента на архитектурата не е потполно локален, говорат актуелните дебати во кои архитектите и стручњаците кои ја поддржуваат архитектурата како во развиениот, така и во неразвиениот свет, секој од свој ракурс го констатираат истиот генерален заклучок, дека во последните петнаесетина години архитектонската култура го напушти, или маргинализира проблемот на домувањето. Ова може да се потврди, доколку се спореди обемот на истражувања, анализи и експерименти на планерските, програмските и конструктивните аспекти во формативните години на културата на модерното движење, со современите преокупации со естетско-формалните проблеми и технологиите кои ги поддржуваат дизајнаспектите во проектантскиот процес.

повеќе »

АНДРИЈА РУСАН

Image
ИНТЕРВЈУ СО ХРВАТСКИОТ АРХИТЕКТ АНДРИЈА РУСАН, ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА „АРХИТЕКТС“ И ИЗДАВАЧ НА СПИСАНИЕТО „ОРИС“

ЈА ПРОМОВИРАМЕ АРХИТЕКТУРАТА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

повеќе »

Во зградата на иднината режиите се пет пати пониски

Image
Во декември 2005 година 15 семејства во Осиек се вселија во првата нискоенергетска зграда во која комплетните режии ќе ги плаќаат пет пати помалку од просечно хрватско домаќинство.

“Мојот сосед за режии плаќа 10.000, а јас само 2.000 куни“. Куќата на иднината е изградена во Реиснерова улица во Осиек, цената на квадратот е 200 евра повеќе отколку во обична зграда во соседството, а се проценува дека вложувањето во поскап квадрат ќе се исплати по три до пет години.

Проектот „паметна зграда” направен е прв пат во Хрватска по примерот на Швајцарија, каде што успешно се применува
Минергие стандард. Неговата примена на „зградата на иднината” ја осмисли загрепскиот Факултет за хемиско инженерство и технологија во соработка со швајцарскиот институт.

Главниот проектант д-р сц. Звонимир Гласновиќ вели дека Минергие стандард ја ограничува вкупната потрошувачка на домаќинството за греење, ладење, топла вода и струја на три литри масло за греење годишно.

повеќе »
Scroll To Top