Насловна / Author Archives: Емилија Петровска (page 9)

Author Archives: Емилија Петровска

Feed Subscription

Петиција за спас на африканските слонови

peticija-za-spas-na-afrikanski-slonovi-1.jpgПовеќе од 520.000 луѓе од сите делови на светот досега ја потпишале интернет-петицијата на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) за спас на африканските слонови и за спречување на нелегалната трговија со слонова коска во Тајланд (http://wwf.panda.org). Од WWF се надеваат дека ќе соберат еден милион потписи, кои планираат да му ги предадат на тајландскиот премиер Јинглук Шинаватра со барање целосно да ја забрани трговијата со слонова коска во Тајланд, на Конференцијата на земјите потписнички на CITES - Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора, којашто моментално се одржува во Бангкок, а ќе трае до 14 март.

 

повеќе »

Културен и бизнис центар „Харпа“

kulturen-i-biznis-centar-harpa-1.jpgВо главниот град на островот Исланд, Рејкјавик, блесна новата концертна сала "Харпа" која произлезе како резултат од соработката на архитектите од данското студио "Хенинг Ларсен Архитекти" и локалниот уметник Олафур Елиасон. Објектот официјално се отвори на 4 мај 2011 година со концерт на Исландскиот симфониски оркестар, со многу гости и разновидна музичка програма прославувајќи ги исландските културни ноќи. Овој објект, исто така, е номиниран за престижната награда за најдобро архитектонско дело "Мис ван дер Рое" за 2013 година.

 

повеќе »

Заха Хадид ќе го проектира новиот центар на Братислава

zaha-hadid-bratislava-5.jpgБирото на Заха Хадид ќе го проектира новиот станбено-деловен центар Culenova City во Словачка. Новиот центар го сочинуваат седум објекти кои ја опкружуваат напуштената електрична централа која, секако, ќе се претвори во уметничка галерија.

 

повеќе »

Инспирацијата е во магацините на секојдневниот живот

inspiracijata-e-vo-magacinite-1.jpgНа некого му е потребно да помине мало растојание за да го најде својот пат, а нечија животна патека, пак, ги поминува границите на она што е предодредено од раѓање и се слева со светот, токму како онаа на архитектот Марио Ассиси, Македонец со италијанско потекло кој живее во Ферара. За него, разбирањето на современата архитектура е разгледување на дуалитети кои се движат од прагматично до утописко, од аналогно до дигитално, од секојдневно до монументално. Живеете и работите во Ферара, а често навраќате и во родната Македонија.

 

повеќе »

Не е доволно само да се изградат брани

ne-e-dovolno-1.jpg"Заборавените" брани и вештачки акумулации се причината зошто сега ни се случува она што се случува - излевање, нарушување на нивната статика, отворање на процепи, големи штети, опасност за населението. Последните случаи со излевањето на браните Слатино и Пишица ја потврдува констатацијата дека станува збор за опасни локации на кои треба час поскоро да се интервенира за да се избегне сегашната состојба.

 

повеќе »

Минималистички дизајн и јасен карактер

minimalisticki-dizajn-1.jpgПортугалските архитекти од студиото "Аирес Матеус", со својата иновативност и креативност го креираат домот за стари и изнемоштени лица во Арцеар До Сал, кој внесува свежина и неконвенционалност во архитектонските решенија кога станува збор за објекти од ваков тип. Архитектите со внимателно и грижливо истражување на постарите лица како специфична социјална група, успеваат да создадат простор во кој тие ќе можат да живеат со сите свои потреби, правила и вредности.

 

повеќе »

Егзотични видови

egzoticni-vidovi-1.jpgВо озеленувањето во Македонија во голема мера покрај домашните (автохтони) се употребуваат и видови донесени од друг природен ареал (алохтони видови), приспособени за вегетирање во условите на нашето поднебје. Овие видови се нарекуваат егзоти. Кога станува збор за егзотични видови, прво што паѓа на памет кај нашата популација се палмите (Arecaceae или Palmae) и други тропски видови, меѓутоа покрај нив постојат и други лисно и цветно декоративни видови кои вреди да се споменат.

 

повеќе »
Scroll To Top