05/04/2013
1933 Прегледи
Квартот Норебро во Копенхаген е еден од културно најбогатите соседства
од Данска. Во него живеат најмногу етнички заедници, а социјалните
предизвици со кои се соочува секојдневно се исти како и во сите останати
поголеми светски градови. Тоа што го одвојува Норебро од останатите
градови е уникатниот одговор на овие предизвици.
повеќе »
05/04/2013
3359 Прегледи
Ако работите во канцеларија од отворен тип, најверојатно сте си го
поставувале прашањето: кому му паднала во глава таа идеја, за која денес
плаќате и вие и вашите колеги? А сè почна пролетта 1962 година, кога на
студентот од четврта година на архитектонскиот факултет, Британецот
Френк Дафи, му порачаа да направи план за канцелариски простор.
повеќе »
05/04/2013
2862 Прегледи
Истражувачите од Универзитетот во Плимут, Велика Британија, ги повикаа
морнарите и рибарите да учествуваат во единствената глобална студија,
која ќе го одреди количеството фитопланктон во океаните, и тоа преку
апликација за мобилен телефон. Фитопланктонот е група едноклеточни
организми кои се на почетокот на синџирот на исхрана во морските
екосистеми.
повеќе »
22/03/2013
3566 Прегледи
22/03/2013
12557 Прегледи
Бучавата е еден од главните фактори за намалениот квалитет на живеење,
особено во урбаните средини, каде константно е присутна. За да се
постигне намалување на бучавата, најчесто се користат бариери од
најразлични материјали, не земајќи ја предвид едноличноста и
монотонијата што може да ја предизвикаат. Единствена предност како
решение за заштита од бучава е тоа што зафаќаат помала површина, но не
може да се каже дека имаат поголем ефект од растителните паравани,
бидејќи во целост ја одбиваат бучавата, но не ја апсорбираат.
повеќе »
22/03/2013
2903 Прегледи
Пред неколку години се постави прашањето: чуму десктоп компјутерите кога
ги имаме преносните компјутери (читај: лаптопови)? Поеднакво се моќни,
мобилни се (и затоа доста применливи), цената им е слична (дури и
поевтина), а згора на тоа, баш е "ин" да се има лаптоп и тоа "личен".
Буквално: лаптоп за секого. Во една спонтана, но стихијна реакција,
корисниците побрзаа да ги заменат старите десктоп компјутери со
"магичните" лаптопови.
повеќе »
22/03/2013
2502 Прегледи
Салерно, градот што лежи на брегот на Тиренското Море, во кризните
времиња реагираше на себеси својствен начин: се подигна и прооди.
Повеќегодишната криза ја погоди економијата на целата земја, задушувајќи
ја секоја можност за претприемништво. Покрај тоа што куповната моќ е
намалена, што значително влијаеше на стандардот и очекувањата,
економската криза се одрази и врз архитектурата.
повеќе »
22/03/2013
3308 Прегледи
Јапонскиот архитект Тојо Ито, познат по креирањето на т.н. концептуална
архитектура и по објектите со флуидна убавина во кои физичкиот и
виртуелниот свет се во совршен баланс, е добитник на Прицкеровата
награда, најпрестижното признание во архитектурата. На доделувањето на
наградата, кое се одржа неодамна во Лос Анџелес, жири комисијата истакна
дека архитектурата на Ито го подобрува квалитетот на јавниот простор,
станувајќи инспирација за многу архитекти, критичари, па и за пошироката
јавност.
повеќе »
22/03/2013
4260 Прегледи
Клучниот елемент на пронајдокот е во тоа што за стабилизацијата на
бетонот, место челични шипки се користат текстилни влакна. Градбите кај
кои се користи обичен, армиран бетон, мораат да се обезбедат од различни
опасности - пред сè челичните носачи мораат да се заштитат од корозија.
повеќе »