Author Archives: Емилија Петровска
Feed SubscriptionРедефинирање на критериумите за „добро“ училиште
Трендот на изградба на едукативни единици со низок буџет и стандардизирана конструкција го зафати светот, а не нè одмина ниту нас. Последните години во Македонија беа изградени, можеби не нови училишта, но спортските сали во состав на основните и средните училишта ширум нашата земја, беа изведени како унифицирани објекти, со исти димензии и дизајн. Со овој начин се заштедуваат пари и време на изработката на проектите и нивно физичко имплементирање со веќе разработена методологија на градба.
повеќе »Уникатна дрвна кровна конструкција
Олимпискиот центар во Ричмонд (Richmond Olympic Oval), Канада, е една од најголемите градби изградени за зимските олимписки игри во Ванкувер, 2010 година. Проектиран е специјално за да се одржува натпреварувањето во брзо лизгање и да овозможи влез за 8.000 посетители. Објектот се простира на скоро 2,5 хектари површина, која е целосно премостена без поставување на носечки столбови. Оваа градба претставува пример за големите достигнувања на канадските инженери и производителите од областа на дрвната индустрија.
повеќе »
Зелена борба против ефектот „Urban Heat Island“
Познато е дека агресивната замена на природните површини со урбани средини, претставува главна причина за настанувањето на оваа појава. Природните површини во најголема мера се составени од вегетација, која создава специфични микро- климатски услови. Тие користат релативно голем дел од ...
повеќе »Црква трансформирана во луксузен дом
Сигурен сум дека сте читале многу интересни работи за многу градби, кои не само што се чудни туку можат да се сметаат и како застрашувачки. Но не верувам дека сте слушнале дека постои и црква во која може да се живее. Да, црква која се наоѓа во центарот на Лондон е трансофмирана во еден од најскапите домови во Англија, и сега е на продажба по цена од околу 40 милиони евра.
повеќе »
Водич на еден архитект за процесот на креирање ентериер
Во проектирањето ентериер навистина има нешто повеќе отколку во собирањето разнобојни слики од страниците на списанијата. Постои процес на проектирање, кој резултира со краен креативен производ. Архитектот Лери Берлин (Larry Berlin) и многуте негови клиенти најмногу уживаат во крајниот резултат од тој процес. Марта Нитертон (Martha Netherton)
повеќе »
Блесокот на равенските мозаици
Има места и објекти кои од првата средба ти влегуваат под кожа, исто како што е со луѓето. Таква беше мојата средба со црквата Св. Витале во Равена. Влегуваш и се губиш во просторот, насобрани луѓе пред големиот олтар сликаат, снимаат, главите им се кренати високо горе. Толку многу ги има, а толку се ситни, како песок пред тоа што силно блеска - мозаиците во олтарниот простор на Св. Витале.
повеќе »
203
Нов живот за старите материјали
Чинот на реконструкција, или пак рушење на старите и градење на нови објекти зазема се поголем залет со навлегувањето на сè поевтините материјали со сомнителен квалитет. Шутот што притоа се создава претставува важна ставка во секоја градежна активност, посебно неговиот транспорт до депонија. Но оваа појава освен од економски аспект, може да се набљудува и од еколошки, каде секоја година се создаваат тони отпаден материјал само од рушењето или реконструкцијата на постојните објекти.
повеќе »