Author Archives: Емилија Петровска
Feed SubscriptionТочки во основата, линии во просторот
Сместен на најсеверната точка од Менхетн во Њујорк, каде што познатиот мост "Бродвеј" се пресекува со Десетта Авенија, неодамна отворениот спортски центар Campbell формира портал кон атлетскиот комплекс Baker, т.е. примарната спортска установа за надворешна спортска програма на универзитетот Колумбија. Како прв нов атлетски центар конструиран на универзитетот Колумбија, по изградбата на физикалниот фитнес центар Marcellus Hartley Dodge во 70-тите години на минатиот век, спортскиот центар Campbell го дефинира новиот агол на ревитализираниот атлетски комплекс, и располага со зголемени програмски простории за целокупната студентска атлетска програма.
повеќе »
Луѓето повторно ќе читаат
Што имаат заедничко Руперт Мердок и Џулијан Асанж покрај фактот што и двајцата се Австралијци? Одговорот е дека и двајцата се господари на информацијата. Споредбата е многу симболична: додека едниот го претставува времето што изминува, другиот ја симболизира иднината што доаѓа. И додека првиот патува низ светот во луксуз и со фанфари, другиот живее под закана во животен простор од 20 м2.
повеќе »
Бахаиските градини над Хаифа
Градините на Хаифа претставуваат многу важно место во животот на секој жител од овој град. Подигнати се во геометриски стил, а претставуваат каскадно поставени зелени површини, кои се спуштаат по падината на Кармел, од каде има прекрасна панорама кон градот и Средоземото Море. Ова совршенство е дело на архитектот Фарибурз Сахба. Овие градини се едно од најпосетените места во Израел.
повеќе »
Автентично и тивко окупирање на просторот
"Во ера во која нашата професија е опседната со компјутерски генерирани обрасци, а дизајнирањето во многу компании е повеќе заинтересирано за манипулација на формите, Пауло Давид е за создавање на место и создавање на архитектура". Со овие зборови, жирито го додели медалот "Алвар Алто" на португалскиот архитект Пауло Давид, и на неговата способност за создавање на архитектура која има релевантна улога за неговото родно место – островот Мадира.
повеќе »
205
Најдолгиот пешачки дрвен мост во Европа
Во западниот дел на Грузија се наоѓа областа Анаклија која се простира на брегот на Црното Море, и е позната како регион во кој се сместени голем број хотели, марини, аква-центри, спортски центри, здравствени установи и друго. Во северниот дел од Анаклија тече големата река Енгури, која се влева во Црното Море. Во минатото, овој дел на реката бил недостапен за посетителите на Анкалиа, но со изградбата на пешачкиот мост во должина од фантастични 505 метри дојде до поврзување на двата брега.
повеќе »
Нова архитектура во новото срце на Нов Белград
Оваа пролет Белград доби нов хотел. Последниве години бројот на кревети во градот значително порасна со изградба на нови хотели, но и со основање на голем број хостели Белград стана град кој може секого да угости во склад со неговите потреби и можности. Сепак, во секторот хотели со висока категоризација, Белград не би можел да се пофали со голем сместувачки капацитет.
повеќе »
Зеленилото – хит во внатрешното уредување
Традиционално во месец април, од 9-ти до 14-ти, во Милано се одржа 52. издание на iSaloni, славниот меѓународен Саем за мебел и опрема. Тука спаѓа и делот за изложување и афирмирање на млади креативни дизајнери, како и биеналните категории - Канцелариски мебел и Осветлување. Повеќе од 2500 компании изложуваа на површина од 204.850 м2, а повеќе од 300.000 посетители ја имаа можноста да ги видат најновите трендови во овие категории.
повеќе »