--> -->
Насловна / (page 5)

Author Archives: Емилија Петровска

Feed Subscription

Блесокот на равенските мозаици

blesokot-1.jpgИма места и објекти кои од првата средба ти влегуваат под кожа, исто како што е со луѓето. Таква беше мојата средба со црквата Св. Витале во Равена. Влегуваш и се губиш во просторот, насобрани луѓе пред големиот олтар сликаат, снимаат, главите им се кренати високо горе. Толку многу ги има, а толку се ситни, како песок пред тоа што силно блеска - мозаиците во олтарниот простор на Св. Витале.

 

повеќе »

Нов живот за старите материјали

nov-zivot-za-starite-materijali-1.jpgЧинот на реконструкција, или пак рушење на старите и градење на нови објекти зазема се поголем залет со навлегувањето на сè поевтините материјали со сомнителен квалитет. Шутот што притоа се создава претставува важна ставка во секоја градежна активност, посебно неговиот транспорт до депонија. Но оваа појава освен од економски аспект, може да се набљудува и од еколошки, каде секоја година се создаваат тони отпаден материјал само од рушењето или реконструкцијата на постојните објекти.

 

повеќе »

Урбана разновидност, а не лажна слика за хомогено општество

urbana-raznovidnost-a-ne-lazna-1.jpgКвартот Норебро во Копенхаген е еден од културно најбогатите соседства од Данска. Во него живеат најмногу етнички заедници, а социјалните предизвици со кои се соочува секојдневно се исти како и во сите останати поголеми светски градови. Тоа што го одвојува Норебро од останатите градови е уникатниот одговор на овие предизвици.

 

повеќе »

Убавините и ужасите на „океанските“ простории

ubavini-i-uzasi-na-okeanski-1.jpgАко работите во канцеларија од отворен тип, најверојатно сте си го поставувале прашањето: кому му паднала во глава таа идеја, за која денес плаќате и вие и вашите колеги? А сè почна пролетта 1962 година, кога на студентот од четврта година на архитектонскиот факултет, Британецот Френк Дафи, му порачаа да направи план за канцелариски простор.

 

повеќе »

На фитопланктонот му е потребно итно пребројување

na-fitoplanktonot-1.jpgИстражувачите од Универзитетот во Плимут, Велика Британија, ги повикаа морнарите и рибарите да учествуваат во единствената глобална студија, која ќе го одреди количеството фитопланктон во океаните, и тоа преку апликација за мобилен телефон. Фитопланктонот е група едноклеточни организми кои се на почетокот на синџирот на исхрана во морските екосистеми.

 

повеќе »

Природна заштита од бучава

prirodna-zastita-od-bucava-1.jpgБучавата е еден од главните фактори за намалениот квалитет на живеење, особено во урбаните средини, каде константно е присутна. За да се постигне намалување на бучавата, најчесто се користат бариери од најразлични материјали, не земајќи ја предвид едноличноста и монотонијата што може да ја предизвикаат. Единствена предност како решение за заштита од бучава е тоа што зафаќаат помала површина, но не може да се каже дека имаат поголем ефект од растителните паравани, бидејќи во целост ја одбиваат бучавата, но не ја апсорбираат.

 

повеќе »

Големото враќање на десктоп компјутерите

golemoto-vrakanje-1.jpgПред неколку години се постави прашањето: чуму десктоп компјутерите кога ги имаме преносните компјутери (читај: лаптопови)? Поеднакво се моќни, мобилни се (и затоа доста применливи), цената им е слична (дури и поевтина), а згора на тоа, баш е "ин" да се има лаптоп и тоа "личен". Буквално: лаптоп за секого. Во една спонтана, но стихијна реакција, корисниците побрзаа да ги заменат старите десктоп компјутери со "магичните" лаптопови.

 

повеќе »

Дизајнерите на Салерно – „нова италијанска крв“

dizajnerite-na-salerno-7.jpgСалерно, градот што лежи на брегот на Тиренското Море, во кризните времиња реагираше на себеси својствен начин: се подигна и прооди. Повеќегодишната криза ја погоди економијата на целата земја, задушувајќи ја секоја можност за претприемништво. Покрај тоа што куповната моќ е намалена, што значително влијаеше на стандардот и очекувањата, економската криза се одрази и врз архитектурата.

 

повеќе »

Јапонскиот архитект Тојо Ито добитник на Прицкерова награда

obleka-za-urbani-ziteli-1.jpgЈапонскиот архитект Тојо Ито, познат по креирањето на т.н. концептуална архитектура и по објектите со флуидна убавина во кои физичкиот и виртуелниот свет се во совршен баланс, е добитник на Прицкеровата награда, најпрестижното признание во архитектурата. На доделувањето на наградата, кое се одржа неодамна во Лос Анџелес, жири комисијата истакна дека архитектурата на Ито го подобрува квалитетот на јавниот простор, станувајќи инспирација за многу архитекти, критичари, па и за пошироката јавност.

 

повеќе »

Дали армираниот бетон ќе биде заменет од текстилниот бетон?

dali-armiraniot-ke-bide-zamenet-od-tekstilen-1.jpgКлучниот елемент на пронајдокот е во тоа што за стабилизацијата на бетонот, место челични шипки се користат текстилни влакна. Градбите кај кои се користи обичен, армиран бетон, мораат да се обезбедат од различни опасности - пред сè челичните носачи мораат да се заштитат од корозија.

 

повеќе »

Петиција за спас на африканските слонови

peticija-za-spas-na-afrikanski-slonovi-1.jpgПовеќе од 520.000 луѓе од сите делови на светот досега ја потпишале интернет-петицијата на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) за спас на африканските слонови и за спречување на нелегалната трговија со слонова коска во Тајланд (http://wwf.panda.org). Од WWF се надеваат дека ќе соберат еден милион потписи, кои планираат да му ги предадат на тајландскиот премиер Јинглук Шинаватра со барање целосно да ја забрани трговијата со слонова коска во Тајланд, на Конференцијата на земјите потписнички на CITES - Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора, којашто моментално се одржува во Бангкок, а ќе трае до 14 март.

 

повеќе »

Културен и бизнис центар „Харпа“

kulturen-i-biznis-centar-harpa-1.jpgВо главниот град на островот Исланд, Рејкјавик, блесна новата концертна сала "Харпа" која произлезе како резултат од соработката на архитектите од данското студио "Хенинг Ларсен Архитекти" и локалниот уметник Олафур Елиасон. Објектот официјално се отвори на 4 мај 2011 година со концерт на Исландскиот симфониски оркестар, со многу гости и разновидна музичка програма прославувајќи ги исландските културни ноќи. Овој објект, исто така, е номиниран за престижната награда за најдобро архитектонско дело "Мис ван дер Рое" за 2013 година.

 

повеќе »
Scroll To Top