Author Archives: Емилија Петровска
Feed SubscriptionПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ РАСТЕ“
Минатата недела, во рамки на "Јавна соба" беше одржана промоција на проектот за веб апликацијата "Скопје расте", на која беше отворена и панел дискусија на истата тема. На дискусијата учествуваа Неда Коруновска Аврамовска - Реактор, Скопје; Ристо Аврамовски - Архитектри, Скопје; Слободан Велевски - Архитектонски факултет, Скопје; Дамјан Цингарски - Општина Центар, Драган Крстевски - Прва Архи Бригада, Скопје; Иван Мирковски - Американ колеџ, Скопје и Дејан Ивановски - Архитектри, Скопје.
повеќе »Убавината на неизградениот простор
Со осамостојувањето на Република Македонија од поранешната федерација, во урбанистичкиот развој на Скопје се појавија нови предизвици, но и нови "креатори" на градскиот простор во метрополата. Новите "креатори" всушност само беа продолжени раце на новите економски магнати, кои беа единствено заинтересирани да вложуваат во градежништвото преку станбено- деловни простори. Атрактивноста на овие нови изградени содржини растеше правопропорционално со нивното физичко доближување кон центарот на Скопје.
повеќе »
Неповторлив урбан редизајн во холандската современа архитектура
Една од најфасцинантните трансформации направени на крајбрежјето во Амстердам помеѓу 1990 и 2010 година "никнува" долж јужниот крај на реката IJ и Источниот пристанишен дистрикт, лоцирани источно од Централната станица. Изградени на левата страна, површина напуштена во текот на промените во трговската и приморската индустрија, создадени се комплетно нови резиденцијални заедници на местото на напуштените Abbatoir, Veemarkt и Enterpot, како и на местото на старите пристанишни делови по текот на реката IJ.
повеќе »
Еден плоштад, многу приказни
Белградскиот плоштад Славија е далеку од најубав плоштад кој може да се види во Европа. Неговиот преширок коловоз каде што се испреплетени трасите на трамваите, тролејбусите, автобусите и патничките возила, секој ден на возачите во Белград им создаваат проблеми. Неискусните возачи избегнуваат да возат низ Славија, а оние што учат возење одењето на Славија го сметаат за ноќна мора.
повеќе »
Архитектурата веќе не е професија!?
Почетокот на втората половина на месец јануари во Британија е одбележан со враќањето во "леденото доба". Најголемиот дел од земјата е обвиткан со снежна покривка, авионските летови се откажани, доцнат или пак се пренасочени, слична е ситуацијата и со возовите коишто или се откажани или пак доцнат, а за автомобилскиот сообраќај и да не зборуваме со оглед на тоа што на 18 јануари оваа година се затвори за сообраќај во сверната насока дури и главниот автопат во земјата "М1".
повеќе »
Зеленилото како составен дел од сообраќајниците
Основната цел на зелените површини, кои се составен дел од сообраќајниците, е да создадат поволни санитарно-хигиенски и микроклиматски услови, како и зголемување на естетскиот квалитет на градското живеење. Со правилно решавање на зелените површини долж сообраќајнците во градовите се збогатува просторната организација, и се надополнуваат сите околни објекти за целосно визуелно доживување на пејзажот.
повеќе »
Биро проект – Проектантска куќа подготвена за нови предизвици
Пред десет години на македонскиот пазар на услуги од областа на проектирање, маркетинг и хортикултура се појави компанијата Биро проект, членка на групацијата АДИНГ. Започна со работа како мала компанија со големи идеи, која за кратко време успеа да најде начин да ги понуди своите иновативни решенија на пазарот. Во текот на своето десетгодишно постоење, Биро проект континуирано го зголемува бројот на клиенти, како и на вработени. Вработените во Биро проект денес претставуваат тим кој се состои од искусни професионалци и млади ентузијасти.
повеќе »
Апокалипса сега!
Доколку го читате овој текст, тоа значи дека апокалипсата нè одминала или барем е одложена за некое подобро време. Вообичаено, преминот од една во друга година е одличен повод за сублимација на настаните што се случиле во годината што изминува, но овој пат очекувањето на апокалипсата како никогаш досега го окупираше јавното внимание, а тоа не смее да се игнорира.
повеќе »