Автентичен со конаците и трпезаријата манастирот Трескавец повторно ќе
се издигне над карпите во планината и ќе ја дава прекрасната глетка на
околните планини. Огнената стихија која го зафати и пеплоса до темел
само ја запиша новата историја на вековниот манастир. Проектот за
санација треба да биде готов за околу еден месец, а го изработуваат
Министерството за култура и Завод и Музеј Прилеп. Станува збор за
основен, автентичен проект кој ќе ја даде и финансиската конструкција за
обновата. "За околу еден месец треба да биде готов проектот за
санација.
повеќе »