Насловна / Вести / Austral – замена за пензионираниот Renault Kadjar

Austral – замена за пензионираниот Renault Kadjar

Renault најави крај за својот модел Kadjar, кој издржа само една генерација, а новиот компактен SUV (C-SUV) ќе се вика Austral. Францускиот производител на автомобили истакнува дека новото име, инаку изведено од латинскиот збор  australis, е избрано бидејќи добро звучи на европските јазици, вклучувајќи го и францускиот, а тоа е многу важно за овој бренд. Според менаџерот задолжен за именување на моделите во рамките на Renault Global Marketing, Austral ја доловува ведрината и топлината на јужната хемисфера и упатува повик за истражување, што го прави идеален за еден SUV.

austral2

 

Austral е дел од новата палета на компактни SUV возила на компанијата Renault, кои можат да се пофалат со иновативни технологии и еколошки карактеристики. Во овој автомобил со должина од 4,51 m, удобно ќе се возат петмина возразни патници, тврдат во Renault. Според нивните зборови, новиот модел покажува дека Renault цврсто одлучил да го врати своето упориште во автомобилскиот C сегмент, по лансирањето на моделите како што се Arkana/Megane Conquest и електричниот Megane E-Tech. Renault Austral ќе биде официјално претставен на пролет 2022 година, како замена за Kadjar.

austral1

Испрати коментар

Scroll To Top