Насловна / Арт и дизајн / Аукција на стари производи од Apple, некои со потпис од Џобс

Аукција на стари производи од Apple, некои со потпис од Џобс

На 5-ти март, стартува аукција на стари производи од Apple, почнувајќи од разни гаџети, па до фотографии со потпис и пешкири за плажа со логото на компанијата. Ќе се одржи во аукциската куќа RR Auction. Збирката му припаѓала на некогашниот инженер задолжен за дијан на производите на Apple,  Jerry Manock. Аукцијата е насловена Steve Jobs Auction и главно ќе понуди предмети од 70-тите и 80-тите од минатиот век. Аукцијата ќе трае цела седмица, односно ќе заврши на 12-ти март.

Компјутерот  Apple-1 од 1976 година сигурно е највредното парче во понудата.

aauction1

Фотографијата на овој компјутер со потпис од Steve Wozniak, стартува со почетна цена од 200 УСД.

5e56d829fee23d3ecc18a4b2

Договорот за дизајн на компјутерот  Apple II од 1977 година со потпис на Стив Џобс се нуди за почетна цена од 35.000 УСД. Постерот за истиот компјутер претставен на саемот West Coast Computer Fair во Сан Франциско е проценет на 1.800 УСД.

aauction5

Macintosh 128 K, првиот персонален компјутер на Apple од 1983 година, со посвета за  Jerry Manock (25.000 УСД).

aauctin6

Меморандум за бонусот на Manock од  1983 година, со потпис на Стив Џобс  (10.000 УСД ).

aauction4

Медал кој Џобс му го доделил на Manock во  1984 година (5.000 УСД).

aauction8

Macintosh PowerBook 190cs, лаптоп од  1995 година, со потпис од Џобс и зборовите Happy Computing (10.000 УСД).

aauction3

Седум маици со брендот Apple. Меѓу нив и црвена маица осмислена од вработените во Apple, на која пишува We Are Not Authorized to Comment on Unannounced Products (1.000 УСД).

aaauction10

Неонски знак со логотип во бои на виножитото од крајот на 90-тите години од минатиот век  (2.000 УСД).

 

aauction11

Четири промотивни пешкири со брендот Apple (800 USD).

aauction12

Испрати коментар

Scroll To Top