Кога Карл Лагерфелд почина во 2019 година, тој зад себе остави модно наследство кое не може да се заборави. Неговата работа за Шанел и Фенди му донесоа историска слава, а неговата исклучителна изработка и имагинација ќе се проучуваат и слават со генерациите што доаѓаат. Самиот Лагерфелд исто така беше остроумен и незаситен колекционер, а неговиот имот беше толку огромен, што Сотби создаде бројни аукции за да подели повеќе од илјада делови од неговите работи, кои вклучуваа исклучителен мебел, уметнички дела и огромен број парчиња облека и други додатоци.
“Најголемиот предизвик беше да се направи избор што ги покрива сите вкусови на Карл Лагерфелд“, изјави за Galerie, Пјер Мотес, потпретседател на Sotheby’s France.
Досега се завршени две онлајн аукции и две аукции во живо во Париз и Монако, со што се постигнати кумулативни 18,2 милиони евра. Многу од прецизно избраните богатства на Лагерфелд постигнаа неверојатни суми кои далеку ги надминаа нивните аукции пред продажба.
“По историскиот успех на инаугуративната продажба во Монако, вториот дел продажбата на KARL повторно ги надмина очекувањата“, се вели во соопштението на Mothes. Колекционерите од целиот свет со нетрпение ги следеа предметите и цртежите на Карл Лагерфелд, зацврстувајќи го неговиот статус на модна икона.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА