Насловна / Арт и дизајн / Аукција на 85 дела на Миро

Аукција на 85 дела на Миро

huan miro_2_resize

Колекција од 85 дела на шпанскиот надреалист Хуан Миро, која португалската влада ја купила од пропадната банка, ќе се најде на аукција проценета на 30 милиони фунти (49 милиони долари).
Аукциската куќа „Кристи“ вчера соопшти дека колекцијата е една од најсеопфатните и најимпресивни збирки во однос на овој уметник и опфаќа седум децении од кариерата на Миро.

huan miro_resize huan miro_1_resize
Уметникот, роден во Барселона, беше влијателен член на надреалистичкото движење во 20-тите години на минатиот век. Својот карактеристичен живописен стил полн со симболи го развивал во текот на долгата кариера, која траела се до неговата смрт во 1983 година.
Оливие Ками од „Кристи“ соопшти дека аукцијата им нуди на колекционерите со различни буџети шанса „да уживаат во творечкиот гениј и разиграната непосредност на делата на Миро“.

huan miro_6_resize huan miro_5_resize huan miro_4_resize huan miro_3_resize
Португалија стана сопственик на овие 85 дела од Миро кога била национализирана банката BPN за време на глобалната банкарска криза во 2008 година.
Аукцијата е планирана за 4 и 5 февруари во Лондон.

Испрати коментар

Scroll To Top