Архитектонското студио „Панда“ ја дизајнираше инсталацијата The Soundwave Sculpture во паркот Myrtle Tree Garden, што е карактеристичен по таканарачените Myrtle дрвја кои се стари над 1000 години.
Инспирирани од пејзажот на дрвјата, архитектите креираат инсталација од 500 светловиолетови челични структури поставени на влезот во градината. Структурите се надополнети со лед диоди и се вградени звучници од каде што се слуша традиционална кинеска музика. Главните параметри во дизајнот се музика, ритам и игра во комбинација со пејзажот на околината.
Челичните структури се перфорирани и обоени во четири различни нијанси на виолетова боја, слична на онаа од цветовите casino online на дрвјата. Светлината и музиката се регулирани преку сензорите за движење.
Полето од ваквите структури им дава чувство на посетителите како да се наоѓаат помеѓу стебла или шума, што предизвикува доза на дезориентација.