Моделот E-Tron Quattro од брендот Audi, кој ќе започне да се прозиведува во 2018 година, најпрво ќе биде понуден на купувачите во Норвешка, која е една од најнаклонетите европски држави кога се во прашање електричните автомобили. Овој автомобил е заснован на истоимениот концепт од 2015 година. Иако производителот се уште не ја претставил продукциската верзија, веќе од понеделникот (24 април) заинтересираните купувачи во Норвешка можат да уплатат депозит за E-Tron Quattro, со цел резервација една година однапред.
Во врска со техничките детали на овој SUV, неофицијално е познато дека ќе може да мине до 500 km благодарение на батериите со капацитет од 95 kWh. Што се однесува до дизмезиите на возилото, најверојатно е дека ќе заземе позиција помеѓу моделите Q5 и Q7.