Оштетените стакла од автомобилите, досега во најдобар случај се користеа како изолационен материјал во други индустрии, но Audi има иновативен и амбициозен план. Оваа компанија планира од старо стакло да направи целосно ново, со што не само што се штедат материјали, туку и енергија и вода. Доколку едногодишниот пилот проект се покаже како успешен, Audi ќе ги вгради ваквите прозорци во моделите Audi Q4 e-tron. Според претставниците на овој автомобилски гигант, целта да се зголеми уделот на рециклирани материјали во нивните автомобили. Истражувањето кое го спровеле покажало дека во автомобилското стакло лежи значителен неискористен потенцијал.
Новиот концепт на работа предвидува најпрво оштетените стакла да се издробат на ситни делови, а со понатамошна преработка да се добие материјал со првобитен квалитет погоден за вградување во нови стакла. За да се реализира тоа, потребно е од стаклото да се одвојат другите материјали, како металите, пластичните слоеви, жици и сл. Тоа се постигнува со користење на магнети, сепаратори на метал и други апарати. Добиениот рециклат се испраќа во Saint-Gobain Glass, каде што се меша со компоненти како кварцен песок, натриум карбонат и сл., и се правата целосно нови прозорци кои треба да бидат со ист квалитет како оние произведени од нерециклирани материјали. Доколку овој пилот проект ги потврди првично определените карактеристики на рециклираното стакло, следен чекор е примена на овие стакла во серијата Audi Q4 e-tron.