Германскиот гигант „Ауди“ во текот на 2017 година има заштедено дури 110 милиони евра благодарение на сугестиите и советите од своите работници во погоните во Инголштат и Некарслум.
Веќе 50 години во компанијата постои шема според кој секој вработен може да даде свои предлози за подобрување на работењето до раководството, а од 1994 година постои и конкретен имплементиран систем. Дури и наизгле дтривијалните идеи можат да донесат сериозни заштеди. Дел од предлозите во овој систем се во врска со бизнисот, а дел се во врска со инфраструктурата.Така на пример, работници од обезбедувањето предложиле редукција во системот за вентилација во текот на ноќта, со што се овозможиле заштеди од 100.000 евра годишно. Од друга страна пак, двајца приправници предложиле да се обележат со боја одредени алати со цел скратување на времето потребно за одредена операција, додека пак друга група работници открила постапка за пократко време на извршување на одредена активност со што се заштедиле 200 работни часови годишно.
„Aуди“ заштедил 33 милиони евра во погоните во Унгарија и Белгија, преку имплементација на над 10.000 предлози од вработените. Се разбира, компанијата не ги „краде“ овие идеи туку вработените се соодветно наградени пропорционално на нивниот придонес во остварените заштеди.