Производителот на премиум автомобили – Audi, направи уникатна верзија на знаменосецот на моделот А8 овој пат со многу поголем формат – новиот член на семејството А8 е луксузната лимузина Audi A8 L extended.
Со тоа Audi докажа дека секогаш ги става желбите на клиентите на прво место, без разлика колку невообичаени барања имаат.
Со должина од 6.36 метри и меѓуоскино растојание од 4.22 метри, Audi A8 L extended нуди врвен комфор за сите шест патници, колку што има седишта. Концептот од старт привлече многу клиенти, така што Audi веќе ги доби првите нарачки за овој уникатен модел.
Стручните лица на Audi поминаа речиси една година во развивање и конструирање на исклучително долгиот седан. Во целиот потфат тимот на Audi особено беше засегнат од предизвикот да направи безбеден и флексибилен автомобил имајќи ја предвид должината. Резултатот е ексклузивен, уникатен примерок кој што ги исполнува највисоките стандарди исто како и сите сериски модели во секој сегмент.
Audi A8 L extended ја користи малата тежина на серискиот модел и лесната конструкција на Audi со што речиси целосно лимузината е направена од алуминиум. За уникатната верзија која се прави по нарачка, инженерите на Audi ги продолжија страничните прагови и централниот дел користејќи алуминиумски профили, кои истовремено го насочуваат воздухот внатре во средишниот дел.
Двојните прегради го одвојуваат просторот за патници од багажникот, а низ покривот поминуваат дополнителни алуминиумски профили. Сите овие дополнителни мерки овозможуваат флексибилност при вртење речиси исто колку и кај стандардниот А8 седан.
Експертите на Audi вградија 2.40 метарско панел стакло на покривот, кој во внатрешноста е обложен во кожата, со цел да го засилат чувството на пространост. Во автомобилот има фабрички вградени ролетни за сонце, по една за секој ред седишта, за да се спречи прегревањето на внатрешноста при повисоки температури.
Предните и задните светла имаат вклучени мали странични маркер светилки, како што пропишуваат законските прописи за автомобили со оваа должина.
Сите патници на Audi A8 L extended се свртени во насоката на движење, при што шесте пространи седишта се тапацирани со еластична кожа во беж боја. Вториот и третиот ред имаат електронско подесување на секое седиште, а во третиот ред има вградено централна конзола, како и дисплеј кој е дел од забавно-информативниот систем.
Уникатната верзија на овој А8 модел ја придвижува 3.0 TFSI бензински мотор кој развива 310 КС, и достигнува 440 Nm вртежен момент. Овие перформанси на прекрасната лимузина и овозможуваат да забрза од 0 до 100 km/h за 7,1 секунди , а максималната брзина е ограничена на 250 km/h. Осумбрзинскиот менувач ја трансферира моќта на моторот во постојаниот Quattro погон на сите тркала. На 19-инчните тркала со 15 краци монтиран e системот за сопирање препознатлив за Audi S8, што овозможува извонредно и ефикасно забавување на шестметарскиот луксузен седан кој тежи 2.418 килограми.