Познатиот јапонски архитект Jun Aoki ја креира атрактивната фасада на продавницата на Луј Витон во Токио, обложувајќи ја со геометриски шари. Сместена на поранешниот влез во градот, неговите дизајнерски референци се движат од историјата на регионот па се до неговата тесна соработка со движењето Арт Деко.
Базирано на повторувањето на моделот Damier што е карактеристично за брендот, височините се добиени со апстрахирани арт деко шари во релација со ‘edo-komon’ – декоративен мотив од традицијата на Токио. Зградата го менува својот изглед во текот на денот, презентирајќи постојано менување на дневната светлина и сенка. А, пак, во текот на ноќта LED светлата, поставени зад декоративните мотиви, ја осветлуваат гигантската фасада.