Со цел советување во врска со опасностите од атомски тероризам, вчера (24.03.2014) во Хаг се собраа 53 шефови на држави или влади како и претставници на ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Интерпол и ЕУ на третиот Нуклеарен безбедносен самит (Nuclear Security Summit – NSS).
Иницијативата ја поттикна американскиот прeтседател Барак Обама во 2009 година за да се подготви план против заканата од нуклеарен тероризам. Првиот самит се одржа во 2010 година во Вашингтон, вториот две години подоцна во јужнокорејскиот главен град Сеул. Меѓународните напори на ова поле напредуваат. Но, атомскиот тероризам веќе ни оддалеку не е само апстрактна замисла. Според последните официјални податоци, во светот има уште 1.390 тони високозбогатен ураниум и 490 тони плутониум. „Само“ 260 тони радиоактивен материјал се користи за цивилни цели, на пример во болниците.
Извор: Deutsche Welle