Најголем дел од атмосферата на Марс во еден период во минатото исчезнала во Вселената, иако таа се состоела од смеса на гасови кои можеле да создадат амбиент неопходен за развој на одредена форма на живот, се наведува во една научна анализа објавена во магазинот „Сајнс“.
Според авторите на студијата, атмосефарата на Марс содржела големо количество на јаглерод диоксид, што создавала ефект на стаклена градина, затоплувајќи ја планетата до ниво неоопходно за развој на некакви форми на живот.
Во истражувањето се додава дека во атмосферата на Марс имало и значително количество на аргон, кој како инертен гас не реагира во допир со другите атмосферски гасови или површината.
Тоа значи дека единствен начин тој се изгуби од атмосферата на Марс е да бил изложен на абразивно влијание на сончев ветер, сметаат авторите на студијата.