Atlantic Ocean Road (или норвешки Atlanterhavsvegen/Atlanterhavsveien), овој спектакуларен и легендарен пат се наоѓа во Норвешка, поминува низ архипелаг во општините Hustadvika и Averøy во округот Møre og Romsdal county.
Поминува покрај Hustadvika, незаштитен дел на Норвешкото море, поврзувајќи го островот Averøy со копното и полустровот Romsdalshalvøy. Делницата долга 8.3 километри изградена е на неколку мали острови и карпи, поврзани со насипи, вијадукти и осум моста, од кои најистакнат е мостот Storseisundet Bridge. Atlantic Ocean Road е втората најпосетувана атракција во Норвешка. Отворен е за сообраќај во 1989 година и со своите 8,3 километри поминува низ архипелаг од 8 различни острови.
На почетокот на 20. век трасата била предложена како железничка линија, но таа идеја е напуштена. Планирањето на патот започналчо во 1970-тите години, а изградбат во август 1983 година. Патот е отворен на 7. јули 1989. и чинел 122 милиони норвешки круни.
Atlantic Road ја освоил и награда најдобра норвешка градба на векот. Патот е туристичка атракција поради своите необични мостови, а најпознат и најдолг мост е Storseisundet (260 метри), кој со својот свиок стана симбол на овој пат.
Возејќи по овој пат, можете да уживате во прекрасниот скандинавски пејзаж, а на различни одморалишта да гледате фоки и китови или само да се восхитувате на разорните бранови што удираат по патот. Ако имате среќа, може да наидете на ураган кој не е стран за овој предел. Само при изградбата на патот поминале 12 урагани.
За сите љубители на риболовот постои специјално изграден и проектиран мост за локалното население и туристите каде може да се фати бакалар.