Најголем прозјумер во Грција е Атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“. Операторот, компанијата AIA, која уште во 2019 година има дадено ветување дека најдоцна до 2025 ќе ги намали нето емисиите на нула и ќе ги покрие своите потреби од електрична енергија со производство на самата локација. Во согласност со тие цели, неодамна е пуштена соларна електрана со инсталиран капацитет од 15,8 MW.
Електраната е комбинирана со фотонапонски систем со моќност од 8,05 MW, кој е инсталиран во 2011 година. Овие два погона заедно покриваат две третини од потрошувачката на аеродромот. Проектирањето и изградбата на постројката траеле вкупно 9 месеци, и се состои од 29.214 панели. Годишното производство се проценува на 27,5 GWh. Целта на Еврпската унија е до 2025 година аеродромите да бидат јаглеродно неутрални. Flughafen Wien Group, компанијата која управува со Меѓународниот аеродром во Виена, минатиот мај ја пушти во работа најголемата соларна електрана во Австрија со капацитет од 24 MW.