Дознајте што се проектирале во одржливиот грчки град архитектонските бироа како Kengo Kuma and Associates, Foster + Partners, Bjarke Ingels Group, Aedas…
Мастерпланот, кој своите корени ги поставил на принципите на „15-минутнен град“ е вреден осум милијарди евра, а целиот развој на локацијата кај Атина го води LAMDA Development, позната грчка компанија за развој на недвижнини.
Во оваа прилика гледаме кои сегменти од овој проект се реализирани досега, како и што треба да се заврши во текот на следните неколку години.
Трансформацијата ќе ја ревитализира застарената област на меѓународниот аеродром во Атина
Полигон за прочуените архитектонски бироа
Планираната трансформација ќе го оживее застарениот простор на Меѓународниот аеродром во Атина, кој беше во функција во периодот од 1938 до 2001 година, пред Марина да биде развиена како домаќин на Центарот за едрење за Летните олимписки игри во грчката престолнина во 2004 година.
Во новиот паметен град ќе има станбени и канцелариски простори, трговски објекти, но и разни културни простори, зони за забава и рекреација, сето тоа организирано околу огромна парковска површина од два милиони квадратни метри.
Комплексот Park Rise, проект на Bjarke Ingels Group
На овој мастер проект работат многу познати архитектонски бироа како Foster + Partners, Kengo Kuma and Associates, Bjarke Ingels Group (BIG), Aedas, SAOTA, Oppenheim Architecture и Sasaki, заедно со грчки фирми како 314 Architecture Studio и Bobotis+Bobotis Architects.
Како напредува овој 15-минутен град
По само шест месеци од почетокот на работите на проектот, во јуни 2021 година, LAMDA Development го заврши првиот дел од паркот Ellinikon, Ellinikon Experience Park.
Проектот опфаќа 75.000 квадратни метри и се наоѓа во четвртта на авио – хангари, околу три историски, заштитени хангари на поранешниот аеродром.
Проектот го води фирмата Sasaki заедно со локалното студио за пејзажна архитектура doxiadis+, кое ќе го уредува просторот со повеќе од 900 дрвја и 80.000 регионални растенија кои веќе се засадени.
Просторот е засаден со повеќе од 900 стебла и 80.000 регионални растенија
Паркот содржи градини за управување со дождовница, користи природни материјали, а постоечкиот простор ќе се пренамени за да вклучи површини со клупи и патеки. Просторот ќе содржи и интерактивна фонтана, со кореографско осветлување и музика, како и отворени спортски простори и детско игралиште.
Ellinikon најголем крајбрежен парк во Европа
Планирано е овој парковски простор да се прошири со текот на времето и да стане најголемиот крајбрежен парк во Европа, со површина од 2.000.000 квадратни метри, со повеќе од 31.000 стебла на дрвја и 86 различни видови и над еден милион растенија од медитерански сорти.
Во меѓувреме, Ellinikon Experience Center, кој е отворен во април 2022 година, служи како простор каде што посетителите можат детално да го истражат проектот низ повеќе од 22 технолошки изложби и со помош на дигитални активности.
Ellinikon Experience Center, отворен во април 2022 година
Истражувањето е поделено на пет тематски зони кои помагаат во демонстрација на амбициозните планови на проектот: Живеење во нова ера, Живеење во природа, Живеење во иднината, Паметно живеење и Живеење покрај море.
Оваа година би требало да се отвори уште еден дел од проектот, а тоа е АМЕА, објект од 11.500 квадратни метри, а кој ќе пружи пријатен простор за четири здруженија на лица со инвалидитети, во четири одвоени, но меѓусебно поврзани згради.
една од четирите згради во комплексот АМЕА
Завршувањето на кулата Фостер планирано за 2026 година
LAMDA ја постави 2026 година како цел за завршување на бројни проекти во Ellinikon. Така Riviera Tower, проектирана од Foster + Partners, веќе има пре-сертификат LEED Gold и нејзиното завршување се очекува за две години.
Планирано е овој облакодер, со својот дизајн да биде насочен на одржливоста и климатската свест во иднина.
Riviera Tower
Потоа, тука е Riviera Galleria на Kengo Kuma and Associates, како единствена дестинација за премиум брендови, со локација во срцето на Атинската ривиера.
Објектот ќе биде домаќин на продажни простории на најпознатите грчки и меѓународни дизајнери, а во непосредна близина ќе бидат лоцирани и наградуваните синџири на ресторани, како и елегантни кафулиња и бистроа.
Riviera Galleria
Пет комплекси на Мала Атина
Ellinikon опфаќа и станбената населба Мала Атина, која се состои од пет станбени комплекси, меѓу кои и Park Riseпроектиран од BIG, на 12 ката и 50 метри висина, со 88 станбени единици, како и Pavilion Terraces, комплекс од седум згради на по шест ката, проектирани од грчката фирма 314 Architecture Studio.
Pavilion Terraces
Тука е и комплексот Promenade Heights, исто така проектиран од 314 Architecture Studio, а кој содржи девет згради со кружни и елипсовидни основи кои меѓусебно се поделени со зелен централен простор и директно поврзани со паркот Ellinikon.
Четврт по ред е Atrimu Gardens, проектиран од Deda & Architects, како комплекс од органски градежни формации проектиран да се истакнуваат визуелно, со директен пристап до главната пешачка улица и добра врска со многу содржини во Ellinikon.
И на крајот, тука е комплексот Trinity Gardens по проект на бирото Tsolakis Architects, кој се состои од три згради, со лесен пристап до продавниците во Мала Атина, паркот Ellinikonи и на само 100 метри од морето.
Trinity Gardens
Од друга страна, архитекти од фирмата Aedas од Пекинг, заедно со грчката пракса A&M Architects, го предводат проектот на пространиот Ellinikon Commercial Hub, кој ќе стане најголемиот трговски, забавен и деловен комплекс во Грција, но и еден од најголемите во јужна Европа.
Објектот ќе завзема површина од над 185.000 квадратни метри, а во него ќе биде вклучен и Ellinikon Mall, најголем трговски центар во Грција, кој е замислен како хибриден модел на „трговски центар на иднината“, пишува Designboom.
Ellinikon Commercial Hub
Чувување на наследството и нагласување на поврзаноста
Ellinikon ќе содржи и Културна рута која ќе поврзе 14 монументални споменици од големо историско значење. Рутата се протега на 12 километри и се простира на над 6,2 милиони квадратни метри, а ќе биде отворена и достапна за сите.
Дополнително, развојот покрај 50 километри пешачки и велосипедски патеки ќе има плажа долга еден километар. Акцентот ќе биде ставен на електричниот превоз, што е во согласност со целокупниот етос на проектот за создавање почиста и поодржлива средина за иднината.