Чешкото архитектонско биро „Formafatal“ предводено од Dagmara Štěpánová го изработи проектот за вилата „Atelier Villa“ која е неодамна завршена и е дел од одморалиштето Art Villas во Playa Hermosa, Костарика.
Сокриено во бујна џунгла на Костарика ова мало одморалиште е простор што ги надминува вообичаените одмаралишта, инспириран од законите на дождовната шума.
Извонредно сместена во стрмите крошни на џунглата „Atelier Villa“ ги брише границите помеѓу ентериерот и надворешноста и ја нагласува конструктивната едноставност и чистите линии (pura vida > pura arquitectura).
Одморалиштето Art Villas е сокриено недалеку од градот Увита на ридот во џунглата над плажата Playa Hermosa. Три вили и еден повеќенаменски павилјон расфрлани се на парцела од два хектара. Кога инвеститорот им се обратил на архитектите, посакал да создаде место кое посетителите ги претопува со природата, го расчистува умот и истовремено овозможува луксуз и авантура. Тој сакал да создаде место кое длабоко навлегува во сечие срце. Архитектите од бирото „Formafatal“ ја следеа задачата на клиентот и беа инспирирани од атмосферата и разнобојноста на Централна и Јужна Америка.
„Atelier Villa“ е замислена како приватна резиденција за инвеститорот и неговото семејство. Поставена на стрма падина, призматичниот објект долг 26 метри делумно лебди над бујната тропска вегетација. Гледајќи надвор може да се види само оддалечениот океан и зелено брдо до тамо до каде допира погледот. Задниот ѕид свртен кон пристапот и соседните вили намерно е без прозори за да се задржи приватноста.
„Првиот и најважен приорите не е само идеата „бришење на границите меѓу ентериерот и екстериерот“, туку и истакнување на конструктивната едноставност и чистите линии(pura vida >> pura arquitectura). Конструктивниот систем се состои од челични рамки со распони четири на четири метри“, велат архитектите.
Дискретните бои на ѕидовите во комбинација со зелениот покрив овозможуваат вилата навистина да се спои со околината. Фасадите ориентирани кон џунглата и океанот се опремени со делови од перфориран алуминиум со големи димензии, кои не се загреваат на сонце и се отпорни на ‘рѓа. Ако се повлечат, тие се дуплираат како настрешница. Опсегот и шемата на перфорација се различни на секој од овие делови, со што се создава возбудлива игра на светлина и сенка внатре. Целиот заден ѕид е обложен со јагленисано дрво од со стара јапонска техника.
Внатрешноста на вилата го има истиот минималистички дух како што сугерира нејзината форма. Помошните простори и просториите за складирање, бањи и кујната се поставени долж задниот ѕид. Распоредот на остатокот од куќата е многу отворен; границите меѓу внатрешниот и надворешниот свет ги снемува и целиот простор се чини како покриена тераса. Лесните лизгачки преградни ѕидови, можат да послужат како алатка за создавање приватни зони и преградување на просторот според потребата. Пациото открива базен, делумно покриен и заштитен од жешкото сонце.
Целиот ентериер е во тополи бои, земјени тонови на природни материјали. Целиот мебел, освен дневната и трпезаријата, се наменети за оваа вила и направени од локални мајстори.