Насловна / Архитектура / Atatürk – нов културен центар во Истанбул

Atatürk – нов културен центар во Истанбул

Гужви, исклучителни сигурносни мерки и големо интересирање од светските медиуми – над 50 новинарски екипи од целиот свет. Вака накратко може да се опише настанот на свеченото отворање на културниот центар Atatürk (AKM), кој од пред неколку дена е уште една нова знаменитост на Истанбул. На плоштадот пред овој објект, публиката уживала во изведбата на операта Sinan, во чест на османлискиот архитект Mimar Sinan.

akm1

akm2

Центарот е импресивно здание на модерната архитектура со пет згради кои содржат библиотеки на два ката, изложбени простори, театар и опера. Главниот украс во фоајето е сфера изработена од петнаесет илјади керамички плочки. И покрај пандемијата изградбата е завршена за две и пол години, а користени се само природни материјали. Проектот е дело на Tabanlioglu Architects.
akm3

akm4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top