Астрономскиот часовник во Прага кој претставува една од главните туристички атракции во Чешка одбележи 650 години од своето постоење и беше прогласен за најстариот функционален јавен часовник. И покрај повеќе вековното постоење, во часовникот успеано е да се задржат одредени оригинални делови во работните механизми што претставува исклучителна реткост. Постои легенда во градот дека доколку часовникот престане да работи чешкиот народ ќе почне да страда. Единствениот пат кога тоа се случило е во 1945 година поради вандализмот на нацистите, но по три години тој бил поправен и повторно почнал да работи.