Јапонското архитектонско студио Kochi Architect’s на чело со главниот архитект Kazuyasu Kochi, ги напуштија стандардните регулативи за проектирање на станбен простор, и овој двокатен дом во Токио го претворија во еден уникатен простор за живеење. Архитектот во средишниот дел на домот отвора „дупка“ преку која ги поврзува осумте внатрешни простории. Асиметричните отсечоци во ѕидовите создаваат еден необичен енетериер каде што централниот дел претставува заеднички простор за целото семејство. Различно обоените ѕидови во светли бои придонесуваат за разиграноста на просторот.