Улицата „Никола Петров“ во населбата Бутел 2 комплетно ќе биде обновена. Од Општина Бутел информираат дека веќе се почнати градежните активности за гребење на стариот и за нанесување нов асфалт на улицата која е долга 300, а широка четири метри. Оваа инвестиција ќе чини 1,4 милион денари, а изведувач е „ГИВ Инженеринг“ од Скопје.
Истата фирма деновиве го заврши и асфалтирањето на улицата ,,14“, во Радишани, поточно во месноста Жегроец. Станува збор за темелна санација на оваа улица во должина од 300 и широчина од четири метри, на која живеат повеќе од 50 семејства. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 1,6 милион денари.