Според програмите за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта, во населеното место Булачани за подобрување на патната инфраструктура во тек е асфалтирање на улици во должина од околу еден километар.
Работите ги изведува фирмата „Жикол“, а за овие активности од Буџетот на општината ќе бидат потрошени околу два милиони денари.