Денес директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов направија увид во градежните активности со кои се реализира асфалтирање на најоштетениот дел на делницата Неготино-Кавадарци –Дреново.
Овој проект отпочна минатата година кога беа асфалтирани 1,2 км. во вредност од 8,5 милиони денари. Оваа година завршена е рехабилитација на патот во должина од 1,8 км, од кои 800 м се асфалтирани на излезот од Кавадарци кон Дреново. Вредноста на работите кои ги изведува ЈП Македонија пат е околу 12 милиони денари.
Проектот ќе продолжи и наредните две години, а неговата вкупна инвестициона вредност изнесува 30 милиони денари.