Општина Штип заврши со асфалтирањето на неколку улици во населбата Горна Железничка. По неколку децении, конечно жителите од овој дел на градот нема да газат кал:
– Инвестицијата е во вредност од 3,5 милиона денари, а градежните зафати преку соодветна тендерска постапка ги реализираше штипската фирма „Коле транс инженеринг“. Асфалтирани се околу 650 метри и дополнително се уредени уште 350 метри од улиците во населбата. Денес почнавме и со работа околу асфалтирање на улици во населбата Балканска каде и таму жителите неколку децении чекаа да им се направи пат а започнавме со работа и на асфалтирање на пристапот до Еврејските гробишта – изјави Тоше Ѓоргиевски од општина Штип.
Претходно општина Штип асфалтираше околу 1.2 километри од главната улица во населба Долна Железничка, проект вреден околу четири милиона денари. Се додека временските услови го дозволуваат тоа, ќе се асфалтираат улици а во тек се уште неколку тендерски постапки за обнова на улици.