Општина Штип асфалтираше улици во населбата Балканска. По неколку децении, и жителите од Горна Балканска добија асфалтирани улици, откако претходно им беше решен проблемот со канализацијата:
– Проектот е вреден околу 2 милиона денари а должината на улиците изнесува околу 1000 метри, ширината на патот е околу 4 метри – изјави Тоше Ѓоргиевски од Општина Штип.
Претстојат уште неколку важни проекти за Балканска, имајќи во предвид дека истата се наоѓа на патот кон Кочани, близу Индустриската зона и е мошне важна за Штип.