Екипите на Град Скопје и годинава, како и во изминатите две години 2012 и 2013, асфалтираа нови улици на Градските гробишта „Бутел“ со вкупна површина од 3 200 квадратни метри.
За реализација на овој градежен зафат се потрошени 3,5 милиони денари од Буџетот на Градот, а на терен работеа екипи на ЈП „Улици и патишта“.
Исто така, Град Скопје изврши и докомплетирање на атмосферска канализација во должина од околу 1 500 метри на улицата Александар Урдаревски, покрај гробиштата Бутел, со цел при обилни дождови да не дојде до поплавување на гробиштата.
Градот Скопје континуирано вложува во одржувањето на гробиштата и според Програмата за одржување на градските гробишта за 2015 година се предвидени активности на сите три локации на градските гробишта, односно во „Бутел“, „Ѓорче Петров“ и во „Камник“.