Заврши асфалтирањето на 2.150 м2 пристапен пат и изведбата на тротоари во кругот на прочистителната станица во Ново Село.
Оваа постројкa е втора по големина во Македонија а ќе ги прочистува фекалиите од населените места Волково, Кисела јабука, Ново село и Стопански двор.
Завршени се сите градежни работи за Пречистителната станица во Ново село, поставени се машините и турбините за прочистување на фекалниот отпад.