Насловна / Вести / „Артур Еш“ – најголемиот тениски стадион во светот

„Артур Еш“ – најголемиот тениски стадион во светот

Додека ги следиме натпреварите на првиот грен слем оваа година по прогласувањето на пандемијата – US Open, не може да останеме рамнодушни на грандиозноста на стадионот „Артур Еш“ – централниот терен на овој турнир. Лоциран во Флешинг Медоус, Њујорк, овој стадион е најголемиот тениски стадион во светот со капацитет од 23771 седишта. Стадионот го носи името на тенисерот Артур Еш, победник на првото професионално издание на US Open во 1968. Оригиналниот проект на стадионот, завршен во 1997 година не вклучувал покрив. По годините на постојани прекини и одложувања на настаните поради временските услови, конечно во 2016 година е завршен подвижниот покрив со лесна конструкција.  Проектот е дело на Rossetti Architects.

arthurash1

arthurash2

Инвестицијата за изградбата на стадионот чинела 254 милиони евра, а свечено е отворен на 25-ти август 1997. Легендарната Витни Хјустон ја испеала One Moment in Time, за време на  церемонијата, посветувајќи ја изведбата на починатиот Артур Еш.  Во 2005 година, сменета е шемата на боите на теренот – од зелена во комбинација на сина и бледо зелена, со цел да им се обезбеди на телевизиските гледачи подобар контраст со жолтите топчиња, односно подобра следливост. Изградбата нa покривот во 2016 година чинела 150 милиони евра, исто така по проект на Rossetti Architects.

arthurash3

arthurash4

nn_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top