Директорот на фондацијата „Соломон Р. Гугенхајм“, Ричард Амстронг, конечно го објави победникот на конкурсот за музејот Гугенхајм во Хелсинки. Наградата ја понесе париското архитектонско студио Moreau Kusunoki за нивниот проект „Art in the City“.
Претседателот на жири комисијата Марк Вигли, во тој контекст изјави дека она што особено им се допаднало се начинот на кој водните фронтови, паркот и урбаниот дел комуницираат со кластерот од павилјони, со луѓето и активностите што се одвиваат помеѓу нив. Тој смета дека дизајнот е надополнет со чувство на заедништво кое одговара на стремежите на финското население и истовремено ги задоволува барањата на музејот на иднината.